Европската куќа на фудбалот го предупреди казахстанскиот шампион Шахтар дека не смее повеќе да ги изведува своите традиционални обичаи додека е дел на било кое натпреварување кое е под капата на УЕФА.
Тимот кој за малку не избори пласман помеѓу најдобрите 32 екипи од Европа триумфираше со 2:0 на првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите, а еден ден пред одигрувањето на натпреварот на традиционалното принесување жртва донесе заклана овца.
УЕФА го исвести клубот дека насилството и убивањето на животните е недозволено во рамките на нивните натпревари и нема никакви допирни точки со спортот, а доколку го повторат тоа во иднина ќе следат санкции.
Реакцијата на УЕФА ја поздрави и светската организација за заштита на животните „ПЕТА", но во одбрана на тимот од Казахстан застана тренерот Виктор Кумуков.
„Секој клуб има свој ритуал пред натпреварот. Тоа што можам да го кажам е дека ние и во иднина ќе ги почитуваме нашите традиции, а тие немаат никаков негативен психолошки ефект врз играчите, туку напротив ги релаксираат пред натпреварот", вели кормиларот на Шахтар.