Челниците на ФИФА и УЕФА се уште водат тврдоглава битка за воведувањето на новите технологии. Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер е решен технологијата на гол-линијата да почне да се применува што поскоро, додека пак претседателот на УЕФА, Мишел Платини кој фрла огромни суми на пари за по 5 судии на секој натпревар, не сака да вложи 54 милиони евра и тоа во рок од 5 години.
„Јас би ги вложил парите за други проекти, како што се младинскиот фудбал и инфраструктурата. Задоволен сум од резултатите со 5-те судии во Лигата на шампиони. Судиите гледаат скоро се на теренот и нема грешки", изјави Платини.
Доколку би се употребувала новата технологија на сите стадиони на кои се играат натпревари од Лигата на шампиони и Лига Европа, оваа опрема треба да се инсталира на 280 европски стадиони, што за Платини е непотребно.
„Тоа ќе чини околу 54 милиони евра во рок од 5 години и мислам дека е прескапа инвестиција за да се избегнат грешки кои се случуваат еднаш во 40 години", дополни првиот човек на УЕФА.