Зенит плати 80 до 100 милиони евра (во зависност од тоа на кого му верувате) за Бразилецот Хулк од Порто и Белгиецот Аксел Витсел од Бенфика. Зенит вели дека платиле по 40 милиони за двајцата, некои медиуми велат дека за Хулк платиле 50, а неговиот агент тврди дека сумата за Бразилецот изнесувала 60 милиони евра.
Како и да е, Зенит потроши огромна сум и добро им парира ПСЖ, Челси и Манчестер Сити. Сепак неизбежно е прашањето дали Зенит ќе ги исполни условите на новото правило на УЕФА за финансиски фер плеј.
На хартија, изгледа дека Зенит нема шанси да ги исполни условите. Но, исто како Манчестер Сити, ПСЖ и Челси, тие овој проблем го решаваат со финансика инјекција, односно како што и претходно пишувавме, клубовите веќе најдоа дупки во законите на УЕФА.
Во овој случај многу важно е што спонзорството доаѓа од Газпром, руската нафтена компанија која ги спонзорира Шалке, Црвена Звезда, а од неодамна имаат договор и со Челси. Но најважно од се е што Газпром потпиша договор со УЕФА и од неодамна е спонзор на Лигата на шампиони. Сумата за ова спонзорство на УЕФА се уште не е позната, но сигурно е доволно голема за тие да можат да прогледаат низ прсти.