Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Металист заради учество во наместени натпревари во украинското првенство уште од пред пет години. Тие во 2008. година го наместиле натпреварот против Карпати Лвив.
Во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, Металист го елиминираше грчкиот ПАОК, а во баражот за пласман во групната фаза тие требаше да играат против Шалке.
УЕФА допрва треба да донесе одлука дали во натпреварувањето ќе го врати елиминираниот ПАОК или во следната фаза директно ќе се пласира Шалке.