Не ме прашувајте како оди епархијата, има ли доста нашинци низ Европа. Не ме прашувајте оти не сакам да ви кажам дека нѐ има сѐ повеќе Македонци, но, надвор.
Пет шведски професори и истражувачи признаа дека го цитирале Дилан во стручни статии. И дека се натпреваруваат меѓу себе кој ќе успее да протурка повеќе од нив пред пензија.
Тоа што младите киснат пред мониторите играјќи компјутерски игри не мора да е толку страшно, ако истовремено индиректно учат и нешто корисно. На пример - странски јазик. Така барем се тешиме кога по стоти пат ја потсетуваме нашата млада генерација конечно да го исклучи тоа Иксбоксот и да напише домашно.
Како најголеми глобални бубалици, сред свет во кој има 10 активни војни, Шведска објави дека прославува 200 години мир. Дополнувајќи го впечатокот, шведските племенски мудреци објаснуваат дека сето ова време најтешко им било што морале да научат како да заземаат не-конфликтен став во секој конфликт.
Комедија базирана на бестселерот на Јонас Јонасон од 2009, сега претворен во еден од најскапите скандинавски филмови. Главен јунак: стогодишник кој на светот гледа не со сарказам, туку со благонаклона љубопитност и подготвеност за авантура. Звучи добро дури и за некој двојно помлад.
Вториот по големина град во Шведска, Гетеборг, реши радикално да го промени целиот систем на работно време на јавните службеници, па од сега тие ќе мора да работат по - 6 часа на ден. Ова за да се чувствувате полошо - сега работниот ден им трае 7 часа.
Замисли брутален, тоталитарен кошмар од режим кој масовно извршува нечуени садистичи дела и ги уништува животите на граѓаните, без воопшто да има некаква дилема за тоа. Сега замисли ја Скандинавија. Може на тебе не ти оди, ама Христијанската телевизиска мрежа (од САД), вака ја замислува Шведска.
Аба изгледаа како што изгледаа не само зашто такво беше времето туку затоа што според шведските закони, ако е доволно лоша за да не може да биде носена на улица, одредена облека може да биде ослободена од данок.
Најглупата работа околу веста е што премногу очигледно кажува дека од 1990-та, до денес се минати уште малку па 25 години. Под број два, ова е еден од домашните проблеми што во Скандинавија се решава со странска интервенција.
Во Америка треба да имаш богат татко што цело време ќе ти попушта, за да можеш да живееш како што живее просечен шведски работник, порачува кампањата за промоција на Шведска.
Замислете сајтов да организира наградна игра со машала главна премија, ама со единствен услов - да си го смените името (асли, во лична карта), и од утре да се викате Офко или Офнета.
Деновиве и покрај високото ниво на спремност на казнено поправниот систем, еден шведски затвореник успеа да избега од затвор... за да оди на забар... по што се вратил назад во затвор.
Заради се помалиот број на затвореници, предизвикан од претерано успешната програма за рехабилитација и потолерантните казни за одредени прекршоци, Шведска мораше да затвори еден дом за малолетници и четири затвори.
По принцип на расипан телефон се разбра дека Шведска во своето портфолио на граѓански слободи го додаде правото на мастурбирање во јавност (се додека тоа не е насочено кон некого). Затоа што Шведска не е измислената порно земја од бајките, информацијата не е точна.
Од сите можни причини заради кои Иран може да ја спука со Шведска (Швеѓанки, порно, Швеѓанки, порно, Швеѓанки), Ахмадинеџад се налути за едно прекрстување нозе.
Филмот е истовремено и „feel-good" и „feel-bad" - комбинација карактеристична за скандинавските филмови. Критика на културата која се обидува да вкалапи, контролира, да наметне чувство на вина и грев дури и тогаш кога го нема, ова е ода на човековата страст по животот, и обидот тој достоинствено да се живее. Убав, убав филм.
По 17 години работа со продажба на фармацевтски материјали, 40 и нешто годишен Грк, заедно со остатокот од земјата паѓа во криза. Решението смета дека ќе го најде во Шведска. А таму, плочки, многу плочки.
Во Шведска се разгледува предлогот на левичарите да се забрани стоечко уринирање на мажите. Како мислат да го надгледуваат спроведувањето на законот, не сакаме да знаеме.