На сајтот за проверка на факти (а не на идеологии) на Универзитетот Колумбија, развиена е дебата околу 22-годишниот маж од Кочани кој си го отсече пенисот. Настанот е потврден од 11 извори (Метро УК, Мирор, Њуз Австралија, Индија Тудеј, Телеграф, Дејли Меил...), а против е само Метро Шведска.
Забелешката на Швеѓаните е дека попратната фотографија од веста е иста како и фотографијата од една слична вест од 2013-та за еден Кинез. Метро Шведска открива дека фотографијата оригинално е од фото агенцијата ЦЕН, меѓутоа од таму не можеле да добијат информација кога ја направиле.
Тие ги имаат прегледано и статиите од македонските медиуми, меѓутоа бидејќи сите наши ја користеле истата фотографија, Швеѓаните баш и не се сигурни дека ова навистина се случило.