За време на предавањето на своите акредитиви, новиот шведски амбасадор во Иран, Пит Тилер, ги прекрстил нозете додека разговарал со иранскиот претседател. Во "знак на одмазда" и Ахмадинеџад ги прекрстил своите нозе.
Едно е што Тилер со овој гест ги прекршил меѓународните дипломатски норми, сосема друга работа е што покажувањето на ѓоновите кон некој друг се смета за навредливо во муслиманската култура.
"Самиот Махмуд Ахмадинеџад, ги прекрсти своите нозе како одговор на некултурата на неговиот соговорник," пишуваат иранските медиуми.
Сега за сега, шведскиот амбасадор останува на својата функција.