Таг: сад

Скриениот трошок на исклучување на Русија од СВИФТ

Алтернативата на воена реакција на руското распоредување војска на границата со Украина треба да биде далеку поелегантното исклучување на Русија од банкарската мрежа што ја користат 11.000 банки од 200 држави низ светот. Магазинот Економист смета дека тука нема ништо елегантно.

Американската полиција во последен момент спречи масакр

19-годишниот Џон Хагинс, е упасен откако он-лајн се заканил дека на кампусот на својот Универзитет ќе изведе ист масакр како оној од Колумбина, во кој загинаа 13 лица.

Мислите ли дека од вашиот живот би се направил добар роман?

Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.

Треба ли да ѝ се предадеме на Кина и веќе еднаш да завршиме со тоа?

Дали слушнавте за хиперсоничната ракета на Кина? Не сите слушнаа затоа што најголемиот дел од медиумскиот и политички интерес околу овој шок кој има потенцијал да натежне во корист на Кина, исчезна побрзо отколку што самата ракета може да лета.

Америко гости ти доаѓаат

Стотици мигранти го пробија полицискиот кордон во Тапачула на југот од Мексико, на самата граница со Гватемала, и пешки го продолжија својот пат кон границата на САД, до која имаат уште најмалку 1800 километри.

Американците видоа празни рафтови

Како збир на повеќе фактори американските купувачи станаа сведоци на егзотични глетки карактеристични за држави од „третиот свет“ во кои цели рафтови, фрижидери и секции од супермаркетите се испразнети како за селење.

Повеќе се тепаа отколку што играа хокеј

На мечот Тамба Беј Лајтенинг - Флорида Пантерс во предсезона на американската НХЛ лига гостите победија 2-3, ама мечот го одбележаа еден куп тепачки меѓу хокеарите.

Американците почнаа да посакуваат распад на Америка

Повеќе од половината од луѓето што гласале за Трамп се за поделба на Соединетите држави. На сличен став се околу 41% од гласачите на Бајден.

Како Израел го изведе филмското убиство на главниот ирански нуклеарен научник

Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.

30 години од формирањето на Дрим Тимот - екипата која без ниеден тајм-аут освои злато

Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.

Администрацијата на Бајден пушти каубојци да ловат мигранти на границата со Мексико

Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.

110.000 гледачи и сите облечени во бело - неверојатна традиција во Пенсилванија

Ова што се случува на одредени натпревари на еден универзитетски тим во американски фудбал е стварно необјаснив феномен.

Грдата историја на „законот за грди луѓе“

Во 19 век голем број од државите во Северна Америка забранувале луѓе со хендикеп или со знаци на болест да се појавуваат во јавност.

Две децении американска војна против тероризмот, завршна сметка

Речиси 1 милион луѓе загинати и над 8 илјади милијарди долари потрошени е цехот од глобалната војна против тероризмот што САД ја започнаа пред 20 години.

Дали базата во Баграм беше пропуштената шанса на САД?

Една од критиките која е најчесто повторувана од војниците и старешините што служеле во Авганистан и од експертите специјализирани на тема војска и Авганистан, е зошто, кој и како одлучи да се напушти најбезбедната и најдобра локација за евакуирање на Американците од Авганистан - воздухопловната база во Баграм.

САД треба да се повлечат од Авганистан до 11-ти септември

Чисто колку да не може да има поголема симболика, портпаролот на талибанците изјави дека последниот Американец треба да се исчисти од Авганистан точно на денот на 20-годишнината од нападите на Њујорк.

Падот на Кабул како исход од сите американски победи во Авганистан

Талибанското освојување на Авганистан не е неизбежно, бидејќи сега имате авганистанска армија со 300.000 припадници кои се добро опремени како која било армија во светот и воена авијација, наспроти некои си 75.000 Талибанци,  порача Бајден на 8 јули 2021.

Антиваксерското движење од почетокот на 20 век

Од нивното воведување во раниот 19 век во САД, вакцините предизвикале подем на антиваксерски движења. Отпор имало во различни идеолошки групи, но сите биле поврзани со аргументи кои звучат прилично познато еден век подоцна.

Магнет за чудаци: нова книга за еден американски град без мобилни и интернет

Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?

Пред биткоин: кога американските банки си издавале свои пари

Подемот и падот на цената на биткоинот врз основа на само еден твит на Илон Маск е потсетник дека голем број луѓе ја сметаат приватната дигитална валута повеќе како инвестиција отколку како пари што можат да се користат во секојдневниот живот. Но имало период во историјата на САД кога приватните пари биле достапна опција.

Америка ја урна Франција за 4-то Олимписко злато по ред

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија олимпиското злато со триумф над селекцијата која им го нанесе првиот пораз на стартот од турнирот.

Ревија евроголови, бронзен медал за Влатко Андоновски

Женската фудбалска репрезентација на САД која важеше за голем фаворит за златото на Олимпијадата во Токио, на крајот ќе се задоволи со бронзениот медал откако претпладнево ја совладаа Австралија сo 4-3.

Америка наострена во финале ги чека Дончиќ или Французите

И покрај бројните проблеми во игратa, поразите во подготвителниот период и неочекуваниот шок од Франција на почетокот на Олимпијадата, САД стигна до големото финале во Токио каде во недела ќе игра за четврто злато по ред!

Жално е да се поништи ваква убавина, па уште и регуларна

Девојките на САД одиграа маестрална акција во шест потези од кои пет на прва. Фудбалски од почеток до крај, па уште и со издриблан голман. Линискиот судија ептен ја утна на крај.