
Кога е уапсен од полицијата во ранецот на Хагинс е најдена пушка на расклопување, полн шаржер и неколку кутии муниција.
Целата работа завршила тука само затоа што двајца студенти се вознемириле и ги пријавиле заканите што Хагинс ги напишал до обезбедувањето на Универзитот во групниот чат.
Хагинс е студент на Емрбри-Ридл аеронаутичкиот Универзитет во Дејтона бич, и е уапсен на влез од својот стан. Според полицијата тој планирал прво да оди на стрелиште да вежба, а потоа во кампусот.
Полицијата објави дека Хагинс го избрал денот само затоа што тој е последен ден од испитната сесија и според неговите пресметки кампусот ќе биде преполн со студенти дојдени за полагање.