По скандалозното видео од париското метро, на кое навивачи на Челси не пуштаат црн човек да влезе во метрото и пеат дека се горди што се расисти, се огласи и Жозе Мурињо и клубот.
УЕФА удри парично по Украина, поради навредливите транспаренти и употреба на пиротехника за време на квалификацискиот дуел со нашата селекција на 12 септември.
Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.
Цел свет се изнајаде банани како поддршка за Дани Алвеш, кој почна анти-расистичка кампања, но во Јапонија навивачите се вратија по старо и фрлија во депресија бразилски фудбалер.
Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио ја даде најконтроверзната расистичка изјава овие денови на чизмата. Но уште полошо е што тој добива поддршка и има големи шанси да го победи Деметрио Албертини во трката за шеф на италијанскиот фудбал.
Вчера, 15. мај, во Осло е отворена човечка зоолошка. Онаква каква што на истиот ден, сто години претходно, отворил норвешкиот крал, а ја посетиле 1.5 милиони жители на тогашна Норвешка. Нивните потомци никогаш не чуле за ваквиот настан.
Јавноста ги дозна расистичките ставови на сопственикот на Клиперси, сите се згрозија а НБА му удри доживотна забрана и милионска парична казна. Навидум, сè е како што треба да биде во едно морално здраво и сензитивно општество. Ама, дали е баш така?
Основите и однесувањето според кое може да се процени дали човек е расист се прилично јасни, не е јасно како толку малку луѓе се расисти кога и онака сме предодредени за тоа.
Кога фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш ја изеде бананата фрлена на теренот од страна на навивач на Виљареал, тој започна глобална анти-расистичка кампања која била претходно испланирана.
Кошаркарите на ЛА Клиперс го искажаа својот протест кон сопственикот на клубот, Доналд Стерлинг заради неговите расистички изјави со соблекување на нивните тренерки и се загреваа со маички без логото на тимот.
Навивачите на Виљареал се обидоа да го испровоцираат Дани Алвеш фрлајќи му банана на теренот, но фудбалерот на Барселона не само што не падна на провокацијата, туку и реагираше на многу кул начин.
Првиот човек на УЕФА Мишел Платини често пати ги повторува строгите казни во борбата против расизмот, но тоа не важи за спротивставенитe навивачки групи од Рим кои го користат познатиот случај со Ана Франк за меѓусебни расистички пораки.
Карло Амбра, експерт од истражувачкиот полициски сектор „Ucigos" кој го анализира навивањето како феномен во Италија, направи биланс во однос на нивната политичката определба, а како најголема дискриминирачка појава го издвојува расизамот.
Минатата година Емре го навреди Дидие Зокора на расна основа, но Фудбалската федерација на Турција го казни само со 3 натпревари и покрај тоа што минималната казна за ваков прекршок се движи од 4 до 8 натпревари суспензија. На следниот меѓусебен дуел фудбалерите на Трабзонспор решија сами да ја истераат правдата.
Црномурестите фудблери не се раат ниту во аматерските лиги во Италија. По расистички напад врз фудбалер од Того кој настапува за екипата на Ровеџо, колегите покажаа солидарност на многу оргинален начин.
Тешко ни е некако за верување, но Џиџи Буфон и Кристијан Виери имаат изјавено дека и со милиони во џеб и манекенки во кревет фудбалерите имаат кризи во животот. Над половина од анкетираните играчи од Серија А тврдат дека депресијата им претставува најголем проблем.
Според истражувањата на „YouGov " компанија која се занимава со јавно мислење, половина од анкетираните фанови од Германија сметаат дека ФИФА и УЕФА не се ангажираат доволно во борбата против расизамот и хомофобијата.
Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.