Министерот на спорт во земјата домаќин на Мундијалот предупредува дека навивачите при влезот во Бразил ќе бидат проверувани и доколку бидат откриени некои со претходни обвинувања за расизам ќе бидат вратени назад.
„Оние навивачи кои досега биле виновни за ширење на расна омраза на фудбалски натпревари треба да бидат строго казнети. Парични казни не се доволни, туку тие треба да бидат идентификувани и да добијат забрани за одење на стадион. Не сакаме Бразил да стане место за расистички протести за време на првенството“, вели Алдо Ребело.
Овие предупредувања доаѓаат по серијата на расистички инциденти кои се шират во јужноамериканскиот фудбал. Последни на мета беа неколку фудбалери за време на натпреварот помеѓу Сантос и Крузеиро.
Во пресрет на Мундијалот, порака за анти расизам неодамна изјави дека ќе испрати и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.