„Ќути бе црнец еден" се зборовите со кои минатото коло на аматерски натпревер во Италија фудбалер на Лицано му се обратил на Тибоу Коура од Того кој игра за екипата на Ровеџо.
Но неговите колеги не се задоволиле само со црвен картон за противничкиот играч, затоа што ова не е прв пат нивни соиграч да трпи навреди на расна основа, па со голема поддршка од управата на клубот во знак на поддршка одлучиле обоени да истрчаат на следниот меч против Казалекио.
„Фудбалерот кој ме навреди веднаш сакаше да ми се извини, а јас се смирив затоа што сфати дека погреши. Минатата година се случи истата работа. Слушнав како противнички играч почна да вреѓа еден од моите колеги, а судијата не стори ништо. Многу се налутив што судијата не изреагира во еден таков лош момент", вели Коура.
Претседателот и тренерот на клубот дадоа голема поддршка за солидарноста на играчите кои ги обоија лицата со црна боја, а со ист начин на поддршка настапија и фудбалерите на Тревизо во втората италијанска лига пред 12 години.