Овој случај со расизам овој пат нема врска со некој фудбалер на Барселона, туку со нивни вработен човек. На второлигашки натпревар во Шпанија помеѓу екипите на Лиагостер и Расинг Сантандер, навивачката е фатена на дело за кое скапо ќе плати.
Во друштво на неколку малолетни деца таа прави мајмунски гест, наменет за фудбалерот на Расинг, Мамаду Коке кој самиот го осуди инцидентот и сликата од глупачата ја стави на Твитер.
Претставниците на домашниот клуб му се извинија на играчот од Брегот на Слоновата Коска, а навивачката доби доживотна забрана за сите домашни натпревари на Лиагостеа.
Таа го загуби и работното место во музејот на Барселона.