Ултрасите на Рома и Лацио во војна преку најпознатата еврејка

Првиот човек на УЕФА Мишел Платини често пати ги повторува строгите казни во борбата против расизмот, но тоа не важи за спротивставенитe навивачки групи од Рим кои го користат познатиот случај со Ана Франк за меѓусебни расистички пораки.

Германското девојче кое потекнувало од еврејско семејство од Франкфурт стекна светска слава благодарение на нејзините објавени дневници во кои ја опишала окупацијата на нацистичките Германци во Холандија, но животот го загубила во концентрационен логор на само 16 години.

Овој случај кој потекнува од Втората светска војна денес се користи како предмет за провокации на навивачките групи на Рома и Лацио, кои често пати си испраќаат разно разни пораки преку кои се натпреваруваат кој кого повеќе ќе испровоцира.

Деновите низ улиците на Рим се појавија слики со Ана Франк и тоа облечена во дресот на Рома, а тоа е дело најверојатно од страна на навивачите на Лацио кои впрочем им одговорија на големите ривали кои во една позната населба на Романисти напишале графит „Ана Франк навива за Лацио.

Тоа не е првата провокација од страна на Романистите кои знаеле како да ги навредат Лацијалите, кои пак често пати преку транспаренти ја искажуваат омразата кој еврејската раса. Еден од нив е транспарентот за поддршка на Палестина која веќе долго време е во војна со Израел.

За време на прославувањето на 86 годишнината од формирањето на Рома, навивачите ги провоцираа своите градски ривали повторно со порака кон која имаат најмногу аверзија, а тоа е Ционизмот, политичко движење и идеологија кое го поддржува создавање на државата на Евреите.

Одговорот пристигна на историското градско дерби во Купот на Италија одигран на 26 мај оваа година кој го освои Лацио, со транспарент „Историјата секогаш ќе биде иста, а тоа е ѕвездата на вашите гради" алудирајќи на симболот кои го носат Евреите.

Овие две навивачки групи кое често пати и отвораат полни раце работа на полицијата пред и по завршувањето на римското дерби, имаат и различна политичка ориентација која и покрај тоа што е забранета да се меша на стадионите тие ја искажуваат со разни знамиња. Романистите се припадници повеќе кон левицата и центарот, а Лацијалите се екстремно десно ориентирани.

Од трибината на навивачите на Лацио „Курва Норд" каде се сместени ултрасите познати под името „Иридучибили" често пати осамнуваат транспаренти со расистички пораки кон оние кои немаат иста политичка ориентација како нив, а најчесто се однесуваат кон Романистите кои се сместени на „Курва Суд".

Најконтроверзните се случија на едно градско дерби пред 12 години кога тие истакнаа транспарент „Тим на црнци, трибина со Евреи", а во 1998 година година напишаа „Авушвиц е вашата татковина, а печките вашиот дом".

6 декември 2013 - 15:17