таг: новинарство

Што ако сите весници направија колосална грешка?

Што ако во лудилото од пред две децении за модернизирање на редакциите и проширување на содржините на интернет, уредниците направија колосална бизнис грешка на која потрошија стотици милиони долари? Што ако индустријата требаше да се задржи на своите силни страни (печатеното издание кое и ден денес носи најголем дел од приходите од реклами и претплати), наместо да се пробува онлајн? Повеќе

Фејсбук го проголтува светот

Новинскиот екосистем доживеа подраматични промени во последните 5 години отколку во последните 500, социјалните медиуми не само што го имаат проголтано новинарството, туку сè имаат проголтано, пишува Емили Бел во Колумбија џурнал ривју околу потребата од регулирање на Фејсбук. Повеќе

Протест пред CNN заради неизбалансирано известување

Преку 1.000 симпатизери на Берни Сандерс се собраа пред канцелариите на CNN во Лос Ангелес за да го изразат својот револт против маргинализирањето на нивниот кандидат во програмата на телевизиската мрежа која ја нарекуваат Clinton News Netvwork.  Повеќе

Како Асошиетед Прес соработуваше со нацистите

Асошиетед Прес е моќна и угледна новинска агенција со безброј блескави моменти во својата 170 годишна историја. Но, имаат тие и и свои потемни периоди од постоењето кога стандардите потклекнале под примамливоста на "ексклузивноста". Повеќе

Новинарството е киднапирано

По професија новинар, инаку извршен директор на данскиот ДР (нешто како данско БиБиСи), Улрик Хагеруп прави рецензија на сегашната состојба на новинарството, сите негови мутации кои му се случија по пат и како моментално луѓето на новинарите им веруваат само малку повеќе отколку на проститутките. Повеќе

По 70 години филм за новинарство доби Оскар
Храбрите новинари побитни од разбеснета мечка

Пред некое време бевме изненадени кога Светлана Алексиевич стана првата новинарка која доби Нобел за литература. Речиси исто толку необично е што филм за новинари оваа година победи во најважната оскаровска категорија. Новинари од целиот свет, замислете се! Повеќе

Контроверзите околу интервјуто на Шон Пен со Ел Чапо
Кога актер е гонзо-новинар

Професионалните новинари скандализирани од „глумењето" новинар на холивудскиот глумец, кој според нив погазил куп етички принципи во портретирањето на нарко-босот. A да не се они малку љубоморни? Повеќе

Како изгледа новинарство со проверување

Германски Шпигел има 80 проверувачи на податоци кај кои завршуваат сите текстови што треба да бидат објавени во магазинот. Ова е текстот откако ќе заврши проверката и ќе им го вратат назад на новинарите. Повеќе

Светлана Алексиевич - прва новинарка која доби Нобелова за литература

Изборот на Алексиевич има повеќекратна симболика - после долго време таа се доделува за небелетристика, а истовремено се подобрува и родовата избалансираност во историјата на доделувањето на оваа престижна награда. Освен тоа, новинарите присутни на објавата ја поздравија одлуката со гласен аплауз, бидејќи таа прв пат се доделува на нивна колешка.  Повеќе