Весникарската асоцијација на САД соопшти дека во првата половина на 2012-та, весниците забележале дополнителни 798 милини долари загуба споредено со истиот период претходната година. Истовремено, од дигиталниот свет заработиле само 32 милиона. Односот е 25 спрема 1.
Темпото со кое растат загубите е нешто побавно (8 проценти наспроти 9,2 од лани), но бавно е и темпото со кое растат дигиталните приходи а кај нив базата е далеку помала.
Платени делови на елетронските изданија, поскапување на единечните хартиени копии, смартфон апликации како и проширување на сервисите од типот изработка на портали или нудење услуги на социјалните мрежи се дел од алатките со кои старите добри весници се обидуваат да преживеат во дигиталната ера.