Таг: Норвешка

Норвешкиот нафтен фонд годинава заработи 130 милијарди долари

Најбогатиот фонд на светот, чија вредност веќе ја надмина границата од 1.000 милијарди долари, објави дека 2017 ја завршил со доход од инвестиции од 130 милијарди долари, кој како што ви изгледа рекордно на вас така е рекорден и за фондот во овие 20 години постоење.

Да не претеравме со победување?

Во Пјонгчанг Норвешка го имаше својот најдобар настап во историјата на Зимските олимписки игри, надминувајќи ги и своите оптимистички очекувања освои 39 медали, од кои 14 беа златни. Земјата со 5 милиони жители на Олимпијадата е пред Германија, Канада и САД по бројот на медали.

Кројачот да ви ги врати парите

Дури и ако не гледате карлинг, овој спорт би можел да ви одземе внимание особено кога играат Норвежаните. Еден детал посебно ќе ви боде очи.

Норвешки проблеми со зимска опрема за возење

Полициска патрола во еден норвешки град сопрела човек на скии поради - лоша техника. Човекот тргнал на скии по пијачки ама најверојатно тоа не му било првпат вечерта да ја минува таа рута.

Норвежаните поради грешен Гугл превод добиле еден тон јајца

Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.

Зошто Норвешка е најдобрата земја за писатели?

Гарантиран откуп на 1000 копии. Месечен приход до пензија, или барем неколкугодишна стипендија. Потенцијална читателска публика која е 100% писмена. Да си норвешки писател, Господ да те види.

Браво момци, ја средивте и Норвешка

И со поддршка и без поддршка од трибините, македонската фудбалска репрезентација игра борбено и мотивирано и е гладна за победи без разлика дали игра пријателски или квалификациски меч. Петти позитивен резултат во низа, историска година со само еден пораз.

И за 100-че нема живо пиле на стадион

Македонскиот менталитет е многу тежок за сфаќање. Цела есен имаше плачки за цените кои ги стави Вардар во ЛЕ (за кои и треба да се има разбирање дека се високи), а сега на Градски има публика како да играат пријателска Младост Кундино и Огражден Иловица.

Доброволниот данок доброволно игнориран од Норвежаните

Здробена од притисоци од опозицијата и критики дека ги намалилa даноците а продолжилa да троши ко парите да и се од наследство, централно-десната норвешката министерка за финансии дојде до решение кое наликува на влажни соништа што и левичари се срамат да ги раскажуваат: секој што сака да може да и остави повеќе пари на државата за данок. Како што вам ви звучи идејата, така им звучи и на Норвежани.

Како попушти сефот што требаше да го спаси човештвото по апокалипса?

Намената на Свалбрад, глобалниот сеф за семиња сместен во далечните предели на Арктикот, е да послужи за не дај боже во случај на некое апокалиптично сценарио во кое е уништена комплетната глобална залиха на храна. Се наоѓа во планина, и направен е да издржи големи катастрофи "природни или човечки" и "да го издржи тестот на времето". Вчера сефот протече.

Што се случува со талентот на Реал од Норвешка

Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.

Норвешка е подготвена за нов ТВ маратон

Телевизискиот норвешки формат специјализиран за урнебесно бавни случувања (на пример, риалити шоу со плетење) сака да ги помести границите на досадата. Планира непрекинат 168 часовен пренос од преселба на едно крдо елени. Од минута во минута!

Што мајка бара Норвежанец во Иран?

Поранешниот норвешки премиер бил задржан на вашингтонскиот аеродром и испитуван од остроумните американски служби. Им станал сомнителен откако во пасошот виделе дека пред три години го има посетено Иран. Пасошот бил диплломатски. 

Моќната Франција е светски ракометен шампион

Најдобрата ракометна репрезентација во историјата, на домашен терен стигна до шестото светско злато а вкупно 11-то златно одличје на големите натпреварувања откако вечерва ја совлада Норвешка во финалето со 33:26 (18-17).

Феликс Магат, Бреде Хангеланд и сирењето со мајчина љубов

Хеиа фудбал е норвешка радио емисија во која гостуваат поранешни и сегашни фудбалери и тренери и раскажуваат разни анегдоти. Во последната гостувал корпулентниот „викинг“ Бреде Хангеланд кој раскажал за германскиот тренер Феликс Магат.

Најшармантната прослава од ноќеска

Не зборуваме за нашата, чисто од страв да не се урочиме. Зборуваме за средбата меѓу Норвешка и Сан Марино, кои играа квалификации за Светско. Сето ова заврши со убедлива победа на Норвешка, меѓутоа се случи нешто крајно неочекувано за сите, Сан Марино даде гол. И тоа не каков било гол, туку гол на гости, на квалификации за светско, што за нив е прв ваков гол од 2001-ва. По голот, на твитер профилот @soccersanmarino се случуваше делириум.

Среќата ги следи нацртаните

Норвешка практично го укина буџетот за промоција на својот туризам откако работата им ја заврши мега популарниот анимиран филм на Дизни "Frozen", цртан според нејзините предели. И повеќе отколку што им треба.

За норвешките работи

Еден од проблемите на Мајкл Мур во правењето на "Sicko" е документарецот да не им излгеда како научна-фантастика на Американците, а сепак во него да има факти од животот во Европа (конкретно Норвешка). Решение? Ќе стишиш малку тоа фактите, за да не мислат дека измислуваш работи. П.С. Мајкл Мур е на чекор од комплетна трансформација во Џаба Хат.

Најопасниот волеј на светот

Фудбалерите на Розенборг од Осло дошле на идеја да го изведат најзафркнатиот волеј удар досега. Се качиле на зградата Скандик Леркендал во близина на нивниот стадион, висока 74 метри и од таму нафрлуваат на момците кои долу на замрзнат терен чекаат волеј.

Браќата што направија милиони од бегалската криза

Едниот е Кристан Адолфсен, другиот е Роџер, и нема ништо нелегално во тоа што го работат, напротив тие и одговараат на Норвешка за најголемиот дел од бегалците што периодов стигаат во земјата.

Како денес изгледа Торе-Андре Фло

Џокерот на Челси од крајот на минатиот век често е синоним на клубот пред ерата на Роман Абрамович.

Кога ќе в Осло појдете, по жени да не мавате

Норвешка почна да нуди часови за машките бегалци дојдени од конзервативните средини за да им помогне да се навикнат на новата земја. Дека е тоа земја во која жените имаат повеќе слобода а помалку облека и дека можат сами да шетаат по улица а тоа да не значи дека некого викаат за секс.