Што се случува со талентот на Реал од Норвешка

Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.

Најскапо платениот фудбалски тинејџер веќе извесно време не му е нужен на Реал.

На 15 години Мартин Едегор заигра за првиот тим на норвешкиот Стремсгодсет и дебитираше за репрезентацијата на Норвешка при што стана најмладиот учесник во историјата на Европските првенства. Тогаш за него се заинтересираа сите гиганти, а тој го одбра Реал Мадрид и потпиша 6-годишен договор.

„Едегор има 16 години и тој ќе напредува понатаму. Има голема перспектива. Должни сме да му дадеме време, а тој самиот ќе донесе решение на која позиција му е најдобро. Во него гледам огромен потенцијал. Мастерски владее со левата нога“, изјави Кристијано Роналдо којшто најмногу од сите го бодрел норвешкиот полушпиц.

Анчелоти и Зидан му направиле цела програма по која Едегор треба да влегува постепено во првиот тим. И покрај тоа што во прво време играше само за младинците на Реал, клубот со него договорил плата од 2,25 милиони евра!

„Многу добро ме примија, се чуствувам како дома. Преминот во Реал е најдобра варијанта за развој на мојата кариера на спортски и личен план. Тој клуб ги нуди најдобрите можности“, изјави малиот Норвежанец на промоцијата. На крајот, ниту Ливерпул, ниту Ајакс, ниту Рома не можеле да му понудат такви услови.

 

Во јануари 2015-та Роналдо му кажал на Едегор: „За пар години јас нема да давам толку голови, и ти ќе мора да ги даваш. Поминаа две години - Роналдо уште е неверојатно продуктивен во нападот, а талентираниот тинејџер сите го заборавија. За првиот тим на Реал, Мартин Едегор играше два пати - во првенството и во Купот на Шпанија. Тренираше со првиот тим, а редовно играше за Реал Мадрид Кастиља (третиот тим).

Во младинската екипа на Реал не му било лесно на Едегор. Новите соиграчи го дочекале не баш пријатно, не му додавале, го игнорирале. „Не, не сум вознемирен, само и јас би сакал да земам толку колку што викаат дека зема Едегор“, изјавил капитенот на Кастиља Серхио Агус во една прилика.

Статистички Норвежанецот за Кастиља одигра: 62 меча, даде 5 гола и имаше 8 асистенции. Но тоа не се цифри за еден вундеркинд во третата шпанска Лига. Во договорот на Едегор со Реал Мадрид бил пропишан услов согласно кој тој е должен да тренира со првиот тим пет пати неделно. Настанала чудна ситуација: Мартин тренирал со ѕвездите, а играл со младинците.

Ваквата околност го нервирала тогашниот тренер на младинците Зинедин Зидан. Французинот поминувал многу време во разговор со Норвежанецот, барал да биде одговорен, па дури едно време го отстрани и од Кастиља. Тврдоглавоста на Мартин Едегор да не тренира со младинците на Реал влијаела на неговиот однос со Зидан. Денес е тешко да се верува дека Зидан ќе го врати во првиот тим.

Откако Зидан стана тренер на првиот тим, Мартин одигра само еднаш и тоа во Купот против Културал Леонес. Во сезоната 2015/2016 првпат паднал муабет за Едегор да го пратат на позајмица. Први се јавиле Селтик и Хетафе, но добиле негативен одговор.

Едегор се надевал дека неговиот статус ќе се сменел кога Рафа Бенитез дојде после Анчелоти, но ништо не се сменило. Кога Бенитез го ставил Денис Черишев во тимот за дуелот против аутсајдерот Кадиз, Едегор збеснал.

Во зимата 2016-та и самиот барал да си замине на позајмица.

„Мартин мора да созрее, да стане маж и да се ослободи од влијанието на татко му“, изјави Златан Ибрахимовиќ тогаш.

Во свежата книга/биографија, Анчелоти открива жестоки детали за трансферот на Едегор: „Кога Флорентино (Перез) го купи норвешкиот фудбалер, должни бевме да го прифатиме тоа. Освен тоа, претседателот решил дека тој треба да игра по три меча во сите натпреварувања. Неговиот трансфер беше одличен за пи-ар, но тој не беше фудбалер каков што јас барав“.

Минатото лето, Реал отпатува на Северно-американска турнеја. Новиот тренер Зинедин Зидан со екипата ги земал и двајцата свои синови Енцо и Лука - а Едегор го оставил во Шпанија. Според него, Норвежанецот загубил од конкуренцијата. Но се вмешал Перез и Едегор отишол за Америка.

Откако сфатиле дека нема место за него, го позајмија. Но не во Рен, ниту во Баер, ни Борусија Менхенгладбах. Во јануари 2017 отиде на позајмица во холандски Херенвен. На пола година.

За пет месеци во Херенвен, Мартин Едегор постигна два гола, а со него во тимот, клубот играл бледо и освоил само 14 бода на 17 меча и паднал од 4-то на 9-то место. Холандскиот печат го нарекол Едегор симбол на кризата на Херенвен. Управата на овој клуб едвај чекала да заврши сезоната и да го врати норвешкиот талент во Мадрид.

Голот на Едегор пред два дена против Утрехт:

18-годишниот Мартин неодамна признал дека не размислува на враќање во Реал затоа што сакал да игра фудбал.