Двајцата се сопственици на Херо Норвеј, компанија која има 90 центри за бегалци во Норвешка и 10 во Шведска, и која во име на двете држави ги згрижува и храни бегалците кои ќе стигнат до северот на Европа. Ова е најголемата ваква компанија на ниво на Скандинавија, а за секој бегалец на владите на Норвешка и Шведска им наплаќа од 31 до 75 долари од ноќевање.
Во понудата на компанијата има краткотраен престој во кој бегалците се задржуваат само неколку дена, чекајќи да ги минат процедурите преку граница; среден престој каде се задржуваат додека да ги интервјуираат од имиграција; и долгорочен каде семејствата добиваат одделно сместување во куќи комплетно опремени за живот.
За 2015-та, очекувањата на компанијата се приходи од 63 милиони долари, од кои околу 3,5% се профит (околу 2,2 милиони). На ниво на Европа има само една ваква компанија која е поголема од онаа на Адолфсен, швајцарската ОРС Сервисес, која за 2014-та, според Блумберг, има генерирано профит од 99 милиони долари грижејќи се за бегалците во Швајцарија, Австрија и Германија.
На норвешките браќа ова им е само продолжување на 800 милиони долари вредниот бизнис кој опфаќа градинки, старечки домови, хотели, згради, бродови и ски ресорти. Тие во бизнисот со сместување беглаци влегуваат во 2014-та, кога Херо Норвеј ја откупуваат од една данска компанија за 22 милиони долари.
Иако нивна прва намера е да го работат овој бизнис во Шведска, откако 5-милионската Норвешка е преплавена со 31.500 бегалци тамошната влада очајно бара од приватниот сектор да и помогне во сместувањето бегалците.
Моментално приватниците се грижат за 90% од бегалците во Норвешка. Неодамна во медиумите излезе приказната за Норвежанецот кој изнајмил празна болница во близина на Осло за 10.000 долари месечно. Откако направил минимални поправки и надградби, тој сега и наплаќа на државата 460.000 долари месечно за сместување и хранење на 200 бегалци.