Со т.нр. данок по доброволна основа на сите оние кои сакаат да плаќаат повеќе даноци им се дозволува тоа да го направат "на едноставен и лесен начин".
Данокот во добар дел е резултат на забелешките на главниот опозиционер Јонас Гар Стор, чие богатство се проценува на 8 милиони долари, кој се жалеше дека заради даночните промени на актуелната влада тој треба да плаќа помалку данок отколку претходно.
Презентирајќи го проектот министерката Сив Јенсен порача:
"Па ако некој мисли дека данокот е премногу низок, сега има шанса да плати повеќе."
Излезе дека норвешкиот фискален патриотизам нема амбиции вон она што е задолжително, па од почетокот на јуни до сега од оваа давачка се прибрани вкупно 1325 долари данок. Стор не е еден од доплаќачите.