Екипата на Кожув која беше во водство по првите три четвртини и во еден момент имаше предност и од 19 поени разлика, во драматични 5 минути го загуби мечот. Куманово се пласираше во финалето на Македонскиот кошаркарски Куп каде ќе се сретне со бранителот на титулата, тимот на МЗТ Скопје.
Актуелниот освојувач на македонскиот кошаркарскиот Куп ја растури екипата на Струмица со 98:51 во првиот четвртфинален натпревар од 21-то издание на ова натпреварување.
Со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Струмица, денеска со почеток во 18 часот стартува 21 издание на Македонскиот кошаркарски Куп. Дербито помеѓу Работнички и Фени Индустри е вториот четвртфинален дуел кој ќе стартува во 20:45 часот.
Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа ја завршија дебитантската сезона во АБА лигата. Македонскиот кошаркарски шампион славеше на гостувањето кај Крка, но сепак не успеа да обезбеди пласман во Еврокупот.
Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија во 25-то коло од АБА лигата го совлада најтрофејниот српски клуб. МЗТ Скопје во неизвесна завршница триумфираше против Партизан во спектаклот пред 7.000 гледачи со 66:64.
Во декември МЗТ во Скопје прослави рекордна победа над унгарскиот претставник, но овој пат „фенерџијата" му се реваншираше на македонскиот шампион чија игра не доликуваше за екипа со аспирации за пласман во Еврокупот.
По поразите од Унион Олимпија и Игокеа, кошаркарите на МЗТ ги израдуваа своите навивачи во СЦ Борис Трајковски, совладувајќи го Задар со 94:69 по маестралната партија на Чековски и Гечевски.
Со речиси постојана контрола во играта и резултатот, најефикасниот тим во АБА регионалната лига по втор пат го порази нашиот претставник МЗТ Скопје со 81:77. Тимот од Аеродром има учинок од 11 победи и 11 порази во јадранското натпреварување.
Во неизвесна и драматична завршница кошаркарите на МЗТ Скопје со 78:76 успеаа на гостински терен да триумфираат против тимот на Цедевита. Јунак на мечот беше Огнен Стојановски кои погоди клучни два поени на три секунди до крајот.
Во ноември минатата година МЗТ ја победи екипата на Унион Олимпија во Љубљана, но во 20-то коло нашиот кошаркарски шампион со голем пад во играта во вториот дел, пропушти шанса повторно да го изненади истиот противник и го забележа десетиот пораз во АБА лигата.
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје го порази поранешниот трикратен кошаркарски шампион на Европа, шесткратен шампион на поранешна Југославија и првак на Хрватска, КК Сплит.
МЗТ Скопје не успеа да изненади уште еден фаворит во АБА лигата. Во 17-то коло од регионалната лига, МЗТ по рамноправна игра загуби на гостувањето кај Раднички со 89:83.
Актуелниот македонски првак не успеа славенички да ја започне новата година во регионалната АБА лига и загуби пред своја публика од Црногорскиот претставник Будуќност со резултат 69:76
Со тројката на Тодор Гечевски на 3 секунди до крајот, МЗТ Скопје го победи босанскиот клуб Широки со 71:72 и ја забележа 9-та победа во АБА лигата за успешен крај на 2012.
Како и на премиерниот натпревар за МЗТ во АБА лигата, кошаркарскиот шампион на Македонија по втор пат го совлада големиот фаворит, екипата на Цибона со 82:76.
Кошаркарите на МЗТ прославија тешка, но важна победа за комплетирање на првиот дел од сезоната во АБА лигата. Во „Борис Трајковски" совладана беше и словенечка Крка со 92:88.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден солиден натпревар против екипа од евролигашки ранг, но немаа сили за во листата на изненадени фаворити покрај имињата на Цибона, Унион Олимпија, Цедевита и Задар да го додадат и Партизан.
Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да ја повторат добрата игра од минатите недели и го доживеаја и петтиот, најтежок пораз. Во 9-то коло од АБА лигата МЗТ загуби на гостувањето кај Игокра со 79:55.
По Цибона и Унион Олимпија, екипата на МЗТ Скопје совлада уште еден голем фаворит со евролигашко реноме. Кошаркарскиот шампион на Македонија ја совлада Цедевита, екипата со најголем буџет во Јадранската лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје приредија уште едно изненадување во АБА лигата. По четири порази македонскиот шампион во 7-то коло триумфираше на гостувањето кај Унион Олимпија во Љубљана.
МЗТ Скопје доби нов тренер, но старите проблеми останаа. Македонскиот кошаркарски шампион го забележа и четвртиот пораз во АБА лигата. Црвена Звезда без поголеми проблеми славеше со 60:75.