На самиот старт МЗТ поведе со 2:5, но по лошата реализација на македонскиот шампион, екипата на Солнок направи серија од 8:0 за водство од 10:5.
Кошаркарите на МЗТ продолжија со очајната реализација, а домаќините го зголемуваа водството. Овој прв период можеби беше и најлошо одиграна четвртина на МЗТ во АБА лигата по кој Солнок водеше со 22:9.
Во втората четвртина Унгарците дојдоа и до највисокото водство од +16 (29:13), но до крајот на првото полувреме МЗТ намали на 41:28.
Неочекувано високото водство на Солнок по првите две четвртини делумно се должи и на лошата реализација на кошаркарите на МЗТ кои реализираа само 1 од дури 12 обиди за 3 поени.
По 14 промашени обиди за тројка, малерот во второто полувреме конечно го сруши Дејвис кој постигна 5 поени во серија и го донесе МЗТ на само -5 (45:40). Во последната минута од оваа четвртина Дејвис постигна уште 2 тројки и МЗТ стигна до израмнување (59:59), но до крајот на третиот период кој МЗТ го доби со 20:31, екипата на Солнок се врати во водство (61:59).
И наместо МЗТ да продолжи со доминацијата од третата четвртина, тие повторно им ја препуштија контролата на Унгарците кои на стартот од последниот период направија серија од 8:0. Кошаркарите на МЗТ се обидоа да направат резултатски приклучок, но не успеаа по втор пат да се вратат во игра и на крајот загубија со 81:72 за 12-ти пораз по 24 одиграни кола во АБА лигата.
Најефикасен на натпреварот беше Мартон Бадер со 24 поени, а во редовите на МЗТ се истакнаа Дамјан Стојановски, Гечевски и Дејвис со по 15 и Чековски со 13 поени.
Следниот викенд МЗТ во „Борис Трајковски" ја пречекува екипата на Партизан.