МЗТ Скопје по втор пат го победи поранешниот европски шампион Цибона и ја забележа 8-та победа во АБА лигата.
Во првото полувреме МЗТ одигра скоро перфектно во нападот и одлично во одбраната со што го принуди противникот на грешки. По првиот период водеше со 17:13, а на полувреме замина со предност од +15 (48:33).
Кошаркарите на Цибона се соземаа во второто полувреме и ја намалија предноста, а пред крајот на натпреварот се доближија и до само 2 поени негатива (78:76), но точка на натпреварот и заверка на победата ставија Дамјан Стојановски со двете реализирани слободни и Кејд Дејвис со атрактивно забивање во последна секунда за конечни 82:76.
Најефикасен при победата на МЗТ беше Кејд Дејвис 21 поен, Гечевски постигна 12, Дамјан Стојановски 11, а Николиќ и Оташевиќ по 10.
Во недела МЗТ Скопје му гостува на Широки за крај на натпреварувачката 2012-та година.