МЗТ падна во финишот во Крагуевац

МЗТ Скопје не успеа да изненади уште еден фаворит во АБА лигата. Во 17-то коло од регионалната лига, МЗТ по рамноправна игра загуби на гостувањето кај Раднички со 89:83.

И без Чековски, МЗТ одигра одлично во текот на целиот натпревар и беше блиску до 10-та победа, но во самиот финиш домаќините ја продолжија својата серија и ја забележаа 7-та победа во салата „Језеро“ во Крагуевац.

Кошаркарите на актуелниот кошаркарски шампион имаа добар старт на натпреварот со одлична реализација. МЗТ цела прва четвртина одржуваше предност која во последната четвртина Бакиќ со звукот на сирената ја покачи на 21:27.

На стартот од вториот период Раднички направи 5:0, а потоа домашните кошаркари влегоа во нова серија и дојдоа до водство од 39:36, а до крајот на полувремето домаќините продолжија со брзата игра и на паузата заминаа со предност од 48:42.

Кошаркарите на Раднички на почетокот од вториот дел стигнаа до највисоки 51:42, но МЗТ бргу се врати во игра и со серија од 5:15 повторно дојдоа до водство од 53:57. Во третата четвртина кошаркарите на МЗТ успеаја да ја консолидираат одбраната и примија само 13 поени и на крајот од овој период резилтатот гласеше 61:66.

Во последната четвртина МЗТ повторно дојде до највисоката позитива од +6 (70:76), но домаќините не само што ја стопија оваа предност туку и дојдоа до водство, а на крајот прославија победа од 89:83.

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Дамјан Стојановски со 21 поен, Дејвис постигна 15, а одличен беше и Николиќ со 12 поени, 8 скокови и 2 блокади.

Во сабота МЗТ Скопје ја пречекува екипата на Сплит.

14 јануари 2013 - 22:24