Таг: кина

Повеќе од пола Кина е празна

Популацијата од речиси 1,4 милијарди луѓе останува многу реална, тоа што изненадува е дека 94% од овие луѓе живее во источната половина од земјата, додека западната е пустелија.

Кинескиот 5Г доминира над американскиот

5Г мрежата на АТ&T и Веризон низ американските градови често пати е значително поспора од 4Г мрежата што ја замени, пишува Вол стрит журнал.

Оставете ја Кина има за учење

Министерствата за образование и финансии на Кина составија список од 331 дисциплина во која 147 универзитети од земјата имаат фора до 2030 за да постигнат „првокласен стандард“.

Колку сериозно ја сфаќаш пандемијата од 0 до Кина?

Пред некое време Кинезите спроведоа инстант-карантин и ги затворија во супермаркет сите потрошувачи што се најдоа таму откако еден од нив излезе дека е позитивен на тест. Во исто време дел од тамошните жители преземаат инвентивни мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Првиот трол на кинеската дипломатија

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи не ја престанува својата кампања на тролање на американските власти и општо западот, главно со мемиња и клипови што наликуваат како да се симнати од екс-Ју Вибер и Фејсбук групи.

Кина се пофали со 6Г

За разлика од сите сомнежи околу 5Г, народ воопшто не треба да има сомнеж за 6Г бидејќи Кина го развива главно и (за сега) само за потребите на нивната војска и хиперсоничните оружја.

На Пекинг 2022 новинарите ќе ги хранат роботи

За да се намали човечкиот контакт (како и сите опасности кои изминативе две години разбравме дека доаѓаат со него) и да се влее уште малку страв до каде е стигната Кина со роботиката, мензата на главниот медиумски центар на Зимската Олимпијада ќе биде опслужена од роботи готвачи и роботи келнери.

Белата куќа го откажала Интел од производство на чипови во Кина

Проблемот што не може да навјаса да произведе доволно чипови Интел ќе го решава со отворање на нова фабрика за чипови, која по дифолт требаше да биде во Кина, барем додека во плановите не натежна Белата куќа и трговската војна што продолжува да ја води со Кина.

Растргнатата суперсила

Првата година на Бајден на власт заврши како и што почна, со САД со сериозни кризи на повеќе фронтови. Пролетта 2021, проблемите на САД беа руски сили на границата со Украина, и кинески во близина на Тајван. На почетокот од 2022, Русија има уште повеќе сили на границата, Кина продолжува да маневрира околу Тајван, а во игра се врати и Иран.

Во Кина „Боречки клуб“ доби многу поинаков крај

По 20 и кусур години филмот доби нова верзија и е наменета за кинеска публика, која излезе дека досега ја гледала погрешната, западна, верзија.

Глејте си снегот, баталете човекови права

Спортистите што ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе треба да извагаат што им е полесно: да поќутат дур се во Кина или да најдат кој да ги вади од кинески затвор.

Кина уште базуки нема извадено против коронавирусот

Снимка од едно поново дезинфицирање на објект во Кина.

Ќе ве научиме да ја сакате татковината

Откако во 2019-та се случија веројатно најсериозните протести против Кина откако таа ја презеде власта во Хонгконг, кон крајот на 2021 Бирото за образование на Хонгконг нареди сите градинки, основни и средни училишта, секоја недела да одржуваат церемонија за кревање на знамето, проследена со кинеската државна химна.

Амазон како официјален партнер на кинеската пропаганда

Како што Амазон на кинеската верзија на својот сајт пушти во продажба говори и текстови од кинескиот претседател, така се појавија негативни коментари под книгите, и така на Амазон му стана потешко да работи во Кина. Подоцна Амазон подобро размислил дали баш му требаат коментари.

Трамп бара Кина да му плати на светот за ковид

Во истото интервју во кое кажува дека за 9 месеци ја создал вакцината, Трамп ја повика Кина да плати репарации на секоја држава на планетава заради вирусот кој настанал во Вухан.

Нема не можам, Кина од комунистите бара 3 деца по семејство

Членовите на Кинеската комунистичка партија имаат лична обврска да помогнат во борбата против опаѓачката стапка на новороденчиња со тоа што ќе имаат по 3 деца.

Тим Кук потпишал таен договор со Кина од 275 милијарди долари за мир во гости

Се работи за договор потпишан сред законските измени што ги прават кинеските власти во 2016, а се само за да се смират тамошните бирократи и да го остават на раат бизнисот на Епл.

Кина нема да покани ни еден американски политичар на Олимпијадата

Откако излезе извештај дека Бајден ја разгледува можноста на дипломатски бојкот на Олимпијадата, кинеските медиуми излегоа со информација дека земјата не планира да кани американски политичари на Зимската Олимпијада.

Кина ќе се откачува од американска технологија

Таинствен кинески државен комитет изработи листа на американска и странска технологија што државата треба да ја замени со сопствена и од сопствено производство, и тоа опфаќа сè од облак системи до микрочипови.

Бајден ќе воведе дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг?

Речиси е извесно дека ниту претседателот на САД, ниту кој било висок претставник од администрацијата на Бајден, ќе присуствува на ЗОИ 2022.

Треба ли да ѝ се предадеме на Кина и веќе еднаш да завршиме со тоа?

Дали слушнавте за хиперсоничната ракета на Кина? Не сите слушнаа затоа што најголемиот дел од медиумскиот и политички интерес околу овој шок кој има потенцијал да натежне во корист на Кина, исчезна побрзо отколку што самата ракета може да лета.

Кина го затвори Дизниленд со 34.000 луѓе во него

Откако беше откриен само еден случај на ковид-19 меѓу посетителите на Дизниленд во Шангај, целиот парк е затворен, забранет е влез на нови посетители, а сите над 34.000 присутни гости во паркот инстантно се тестирани и ставени во изолација.

Кинеските богаташи почнаа да играат дефанзива

Како што кампањата на Ши Џинпинг за прераспределување на профитите почна да добива на сила, така кинеските богаташи почнаа да се стишуваат, бришејќи ги своите профили од социјалните мрежи и префрлајќи ги парите на сигурно.