Кинеските научници успеале да го решат проблемот со губење сигнал кој им се случува при брзини пет пати поголеми од брзината на звукот. Со ова тие успешно ја аплицирале 6Г технологијата за комуницирање со хиперсонични оружја и детектирање мети.
Пронајдокот инстантно е таксан за „критично унапредување на кинеската одбрана во блиската вселена“, а за и општо унапредување на „ефикасноста на оружјето и одбранбените системи“.
Технологијата е дело на истражувачки тим од Универзитетот во Тјанџин, кој со помош на електромагнетни бранови успеал да постигне „комплетна пенетрација на плазма штитот околу хиперсоничното оружје што блокира сигнали“.
Проблемот со комуникација на хиперсоничното оружје со надворешниот свет е заради појавата на „жежок, јонизиран гас на неговата површина кој ги блокира електромагнетните бранови“. Ова е проблем и во одбранбена смисла затоа што ги спречува радарите да ја идентификуваат и следат хиперсоничната мета.
Тоа што го развиваат кинеските научници, во лабораторија, е ласер кој може да генерира „континуиран зрак од електромагнетни бранови во терахерцниот појас, фреквенција која е меѓу микробранови и инфрацрвени зраци што исто така може да биде искористена и за 6Г мобилната технологија.“
Нивните експерименти покажале дека терахерц брановите можат да влегуваат и излегуваат од плазма штитот, „како тој воопшто да не постои“.
Тие уште немаат објавено колкав домет ќе има нивната технологија, која работи на фреквенција од 2,5 терахерци. На 2 терахерци тестовите покажаа ефективен домет на комуникација од 60 километри.
Проблемот со комерцијализација на 6Г со терахерц технологија е што терахерц брановите повеќе се како ласерски зрак отколку како класичен радиобран, па не се шират за да покриваат одредена област туку директно треба да таргетираат својата цел.