Таг: канада

Боже жали на Трудо скандалите

Во време кога кај нас уште од портирница на Влада немаат кажано кој обвинител која судска постапка треба да ја тера, како треба да ја води и како треба да заврши, канадскиот премиер Трудо го минува еден од најтешките скандали на својата кариера заради мешање во работата на својата министерка за правда.

Бомба на Гвардадо за еврогол од 30 метри

Паралелно со Копа Америка 2019, се игра и Голд Куп, турнирот на Северна и Централна Америка. Таму Мексико синоќа ја победи Канада со 3:1 а голот кој го даде капитенот и ветеран Гвардадо беше најубав гол досега таму.

Во Канада на патеката за Формула 1 редовно страдаат животинчиња

Дабари, мрмоти и верверички се животинчињата кои редовно се појавуваат на легендарната патека за Гран При во Монтреал. Пилотите возат толку брзо што само во ретки случаи и со чиста среќа успеваат да избегнат немили настани со животните.

Необична приказна за Индиецот кој цел живот го бодри Торонто

Познатиот новинар и репортер на СиЕнЕн и ЕјБиСи, Мухамад Али преку подолга нишка на неговиот Твитер профил раскажа неверојатна сторија за најверниот навивач на клубот кој се наоѓа пред прва историска титула во НБА.

Посетител на музеј успеал да отвори мистериозен сеф

Турист, чија професија не се открива, ги погодил бројките на 900 килограми тешкиот сеф затворен со децении. 

Торонто и Канада не памтат ваква еуфорија, Репторс водат во финалето на НБА

Спротивно на сите предвидувања и очекувања, Торонто го совлада Голден Стејт 118:109 и „фрли шкорче во бензинот“ на финалето на НБА. Икс-фактор на мечот беше Паскал Сиакам кој сам ги доби Вориорси.

Добитна комбинација

Благајничката на главниот град на Канада има овластување без никакво дополнително одобрение да префрли до 25 милиони долари. Она што го нема благајничката е способност да препознае меил измама.

Канадски филм направен на јазик кого го зборуваат само 20 луѓе во светот

„Работ на ножот“ или SGaawaay K'uuna е игран филм кој премиерно ќе се прикаже во април, а кого без титл ќе можат да го разберат само малкумина.

Скандалот на Adidas со бели патики за време на Месецот на црнечката култура

Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.

Хиџабот како симбол на угнетување на жените

Ставот е на неодамна избраната Mинистерка за статусот на жените на Квебек, и откако беше притисната да го повлече, таа реши да го повтори и да остане на тоа што претходно го кажала.

Книга која ги покажува плановите на Хитлер за САД и Канада

Националната библиотека на Канада набавила книга во некогашна сопственост на фирерот, која ги отсликува неговите планови за еврејското население во прекуокеанските земји. Таа покажува што можело да се случи доколку Втората светска војна завршела поинаку.

Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина затоа што зборел без дозвола

Амбасадорот Џон Меккалум е отпуштен затоа што без да добие дозвола проговорил во врска со апсењето на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Венџу, на аеродром во Ванкувер.

Напиши состав - добиј куќа крај канадско езеро

Една Канаѓанка, откако не успеала да ја продаде куќата за планираната сума, одлучила дека ќе ја даде на оној кој ќе напише најдобар состав на тема: „Зошто селењето во куќа од соништата крај езеро би ми го сменило животот?“. Што чекате?

Кинезите тргнаа со воспитно апсење Канаѓани

Во мерка која никако не е одмазда за апсењето на директорката на Хуавеи на аеродром во Канада, Кина од апсењето на 1 декември до сега има приведено најмалку 13 канадски државјани.

Евтино е Кинез да влезе, ама чини богатство за да излезе

Два канадски телекоми ќе треба да платат 1 милијарда долари за да ја извадат телекомуникациската опремата на Хуавеи што ја имаат инсталирано во нивните 5Г мрежи доколку канадската влада комплетно забрани користење на технологија од кинеската компанија.

Ким Јонг Ун се понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу САД и Канада

Зборувајќи со новинарите во неговиот хотел во Сингапур, севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун изјави дека зголемените тензии меѓу северноамериканските соседи претставуваат „неподнослива закана за светскиот мир.“

До легализацијата и по неа

Канада деновиве ја легализираше марихуаната и иако секој регион тоа го спроведува на свој начин уличните дилери кои разговараат со Гардијан и не се нешто преплашени за својот бизнис, објаснувајќи – ништо страшно, ние ви носиме до дома, овие ве тераат да одите во продавница.

Хорска композиција посветена на еден бизон

Во северна Манитоба во Канада, еден бизон постојано бега од ранчот каде живее. Локалците го нарекуваат бегалецот Фреди, и тој веќе има статус на локален „селебрити“. Сега во негова чест е компонирано и специјално музичко дело.

Канаѓанката што го доби твојот омилен џекпот

Премијата на една канадска лотарија е неостварената желба на секое тукашно сањарење со отворени очи кога решаваш да бидеш скромен - да добивам по 1.000 долари неделно до крајот на животот. Во последното коло главната награда и се падна на една девојка, и тоа неполни 2 недели откако наполни 18 години.

Да не си им во кожа на канадски доктори

Над 500 доктори и уште 150 студенти по медицина, потпишаа јавно писмо до канадската влада во кое протестираат против покачувањето на докторските плати. Доста им е плата, нека има и за другите.

Твит „без коски“ од германското министерство за надворешни работи

Повод: Германија ја победи Канада во полуфиналето во хокеј на Олимпијадата во Пјонгчанг и за прв пат во историјата ќе игра во финале.

Еди "The Eagle" - ѕидарот кој стана олимписки херој

Пред почетокот на секои Зимски Олимписки Игри, светот се сеќава на човекот кој ги популаризираше скијачките скокови иако не знаеше добро да скока и за кој е снимен фантастичен филм.