Скандалот на Adidas со бели патики за време на Месецот на црнечката култура

Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.

Во последните неколку години, спортските брендови во месец февруари пуштаат колекција посветена на Месецот на црнечката историја (Black History Month, BHM).

Ова е северноамериканска и британска традиција направена во борба со расизмот. Ја смислил во средината на 1920-те години црномурниот историчар и новинар Картер Вудсон.

Месец на црнечката историја е февруари, затоа што на 12 февруари се родил Аврам Линколн (претседател кој го укинал робовладетелството во САД).

Претходно основен акцент во време на Месецот на црнечката култура бил ставан на предавања по историја за црнечкото население во школите и универзитетите, а се траело една недела Во 1960-та година неделата била раширена на месец. Сега се одржува не само во САД, туку и во Канада и Велика Британија.

Цел февруари во овие земји се одржуваат екскурзии, семинари на историчари, културолози и други влијателни луѓе. Се одржуваат разновидни фестивали, јавни предавања и се прикажуваат образовни филмови - се со цел да се раскаже историјата на црнечкото население и да се покаже уважување кон сите раси.

Последната година во Месецот на црнечката историја активно учество земаат и глобалните брендови кои прават рекламни кампањи, како например специјалната плејлиста на Apple.

Или Nike, кој направил посебни црни маички со натпис Еднаквост. На фотографијата долу овие маици ги носат кошаркарите на Универзитетот Дјук.

Спортот исто активно учествува во Месецот на црнечка култура. Така минатата година НБА сними видео за МЦК, на кое тренерот на Клиперс Док Риверс раскажува за Бил Расел - еден од најголемите кошаркари на сите времиња, но и прв црномурен тренер во лигата. Расел како тренер освоил две шампионски титули и ги разбил стереотипите дека само белци може да тренираат.

На видеото Док му благодари на легендата Расел за храброста во тоа време и вели дека Расел му дал шанса да биде тренер во НБА.

Јасно е дека во чест на Месецот на црнечка култура постојат и брендови кои добиваат и плус на својот имиџ.

Но има и такви кои добија минус. Таков е германскиот гигант за спортска опрема adidas кој специјално за Месецот на црнечка култура пуштил во промет апсолутни бели патики UltraBoost Uncaged.

На социјалните мрежи во англиското говорно подрачје се запалил оган од реакции:

@LimitedRunMia: „Adidas треба да ја избрка цела екипа. ХА, го обележуваат Месецот на црнечка култура со целосно бели патики“.

@CMRNBGGS: „Црнечка култура? Објаснете како црнечката култура е претставена во потполно бели патики? Барам одговор“.

Германскиот гигант брзо се извинил преку соопштение:

„Adidas пушти нова колекција во рамките на празнувањето на Месецот на црнечката историја. Во неа беше претставен дизајн инспириран од Харлемската ренесанса (период на бум на афро-американската култура во 1920-те и 1930-те години, можеби најпознатиот период на џезерот Дјук Елингтон).

На последната етапа ние пуштивме во колекцијата патики кои подоцна решивме да ги повлечеме. Тие не го одразуваа духот или филозофијата на тоа што треба да го одбележиме за Месецот на црнечката историја“, пишува во соопштението на компанијата.

 

Дјук Елингтон

Во поопширен коментар за Yahoo, претставниците на брендот објасниле дека целосно бели патики дизајнирале како синоним на белите чевли кои ги носеле џезерите во периодот на Харлемската ренесанса. Вистина е дека тие навистина носеле тотално бели чевли.

Adidas брзо ги повлекол патиките од рафтовите во своите продажни места. Еден пар такви патики чинеле 180 долари.