Таг: канада

Твит „без коски“ од германското министерство за надворешни работи

Повод: Германија ја победи Канада во полуфиналето во хокеј на Олимпијадата во Пјонгчанг и за прв пат во историјата ќе игра во финале.

Еди "The Eagle" - ѕидарот кој стана олимписки херој

Пред почетокот на секои Зимски Олимписки Игри, светот се сеќава на човекот кој ги популаризираше скијачките скокови иако не знаеше добро да скока и за кој е снимен фантастичен филм.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Заложникот што со себе понесе талибанско „ноу-хау“

Џошуа Бојл, човекот кој 5 години со своето семејство им беше заложник на Талибанците, викендов е уапсен во Канада и тоа по обвиненија меѓу кои има напад, сексуален напад и присилно затворање луѓе.

Конкурент за „најканадско видео на интернет“

Група Канаѓани сред пустелија ослободуваат лос до врат заглавен во снег.

Да не е без ич

Има лоши начини да го изгубиш наследството: коцка, дрога, курви, алкохол, спортска, кладење...; и има глупи начини: да ти се изгуби во пошта. Во вториов случај за надомест ја добиваш поштарината.

Ја паметите ли паненката на Пандев во Струмица?

По пауза од 8 години, Горан Пандев се враќа со репрезентативен дрес во својот роден град каде ќе го одигра својот втор меч за Македонија. На првиот им покажа на Канаѓаните како се изведуваат удари од белата точка. Тој погоди два пати, исто колку што промашија гостите кои го загубија пријателскиот дуел со 3:0. Резултатот го отвори Седлоски кој ја закова со глава. Нека нѝ се посреќи стадионот Младост по втор пат.

Полека, Џастин Трудо не е либералниот херој што го мислите

Дајте да не фалиме човек кој се погодил да биде на власт во Канада за време на најголемиот национален срам на Соединетите Американски Држави, пишува за Џен Герсон за канадскиот Нешнл пост.

Eкстремите на политичката коректност: кога инспирацијата се толкува како кражба

Ако успешен македонски уметник прави филигран или креира облека инспириран од локалната традиција, тоа се смета за промовирање на истата. Кога тоа го прави (не-домороден) канадски уметник, тогаш тоа е расизам, плагијат, кражба. Можна ли е уметност во такви услови?

Подобро уапсен во Канада откако на слобода во САД

Канадски граничар: „Ако направите само уште еден чекор ќе мора да ве приведеме и да ве однесеме во притвор“. Мигрантот клима со глава дека ја разбрал пораката. И го прави чекорот.

Канада исфрлена од тенискиот Дејвис Куп, судијата погоден во око

Еден од поинтересните дуели на годинешниов Дејвис Куп, Канада - Велика Британија имаше неславна завршница откако 17-годишниот Шаповалов го погоди судијата право во око и тешко го повреди.

Директоре, алал да ти се парите

Неколку минути пред првата пауза за ручек во првиот работен ден од годинава, топ 100-те најплатени канадски ЦЕО веќе заработија повеќе пари во 2017 отколку што просечниот работник ќе заработи во текот на целата година. Просечната канадска плата е околу 35.000 евра (49.510 канадски долари).

Колку заработуваат странците сезонава во НБА

Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?

Канада ќе дава хероин на рецепт

Џастин Трудо продолжува да ги гребе конзервативните уши и да ги менува ригидните политики кои на рајата ѝ звучат ферски ама не даваат резултати.

Го паметите ли Амаури?

Некогашниот италијански репрезентативец кој им ги кинеше живците на навивачите на Јувентус и Парма, во моментов игра за тимот Форт Лодердејл Страјкерс во САД. На мечот против Отава Фјури постигна фантастичен погодок, чисто колку да слушнеме каде игра.

Фудбалот во Рио загуби од шарм

Кога фудбалската репрезентација на Канада, ама женската, ќе има настап на Летните Олимписки игри, гледаноста ќе биде помала. Причината е едноставна, настапот го откажа Кајлин Кајл која одлучи да остане со својот тим Орландо. Можно е да улета, ама во случај Канада да има проблем со повредени. Во Лондон 2012 го освои бронзениот медал. Инаку ако се суди по физикусот заслужува и повеќе.

Премиерот на Канада во стрип на Марвел

Џастин Трудо се занимавал со разни работи во животот - боксувал, држел обуки за скокање банџи, има неверојатни јога вештини. Плус е млад и симпатичен. И, да, премиер. Доволно елементи за да се најде во стрип на Марвел.

Што дојденците најмногу ги шокира во Канада?

Овде веќе никому не може да му се замери ако му доаѓа да ја здува од Македонија и да не се врти назад. Ако таквата желба ви нема интерпланетарни размери (за што ве информиравме во статијата "Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво"), тогаш Канада е едно од логичните решенија. Ако е така, тогаш запознајте ја Канада преку искуствата на оние кои тоа го сториле пред вас и од разни страни на светот дошле да живеат баш таму. 

Како квантните компјутери, премиеру?

Новинар саркастично го предизвикува го предизвикува канадскиот премиер Џастин Трудо да почне да збори за политика, затоа што за квантни компјутери сигурно нема што да збори. Не, а?

Канада ќе им дава џепарац на Канаѓаните

За разлика од џепарацот од твоите за кој колку толку си требал да исполниш некој услов, Канаѓаните со самото тоа што се Канаѓани се квалификуваат за од владата да добијат пари на поклон. Секој месец.

Клеј Томпсон најдобар тројкаш, Лавин забивач

Кошаркарот на Минесота, Зак Лавин го победи најголемиот конкурент во натпреварот на забивања Арон Гордон од Орландо и втора година по ред ја освои титулата во ова шоу. Кај тројкашите, Томпсон го совлада клупскиот колега Стеф Кари.

А сакате и да се заклучува?

Нов канадски затвор вреден 40 милиони не бил отворен само затоа што ќе останел таков, отворен, и кога би бил отворен. А затворот обично треба да е затворен.