Канаѓанец што чека наследството од 846 илјади долари да му стигне по пошта, десет месеци подоцна од УПС добива извинување и надомест од 32 долари за патните трошоци што ги платил.
Пратката ја чека од февруари годинава, кога прв пат оди во просториите на УПС во Онтарио за да ја подигне, „ бевме околу 15 часот затоа што тогаш рекоа дека ќе дојдат и никој не се појави... потоа се вративме вечерта и пак ништо не се појави.“
Парите биле пратени преку УПС, не во готовина туку како чек, затоа што така било полесно, а и од банка ги советувале дека тоа е најбезбеден начин за испраќање на поголема сума пари.
Почнувајќи со „иако УПС сервисот е извонреден“ изјавата на портпаролот на компанијата завршува со „за жал не можевме да го лоцираме пакетот.“ Според портпаролот УПС имаат спроведено и обемна истрага по пакетот и дека неговиот прием и испорака биле извршени според воспоставениот протокол. И пак ништо.
Од банката им понудиле на оштетените да им ја надоместат сумата, меѓутоа имале два услови: прво, да потпишат дека ако некој го наплати чекот тие ќе треба да ја вратат сумата, и второ, да ја стават куќата под хипотека како залог во случај некој да претвори изгубениот чек во пари.
На оштетените не им е јасно зошто тие да потпишуваат кога УПС го изгубил чекот.
„Банката ги има парите. Парите седат на сметка во банка. Ништо не е украдено. Таму се. Тоа е моето наследство,“ објаснил Канаѓанецот.