Необична приказна за Индиецот кој цел живот го бодри Торонто

Познатиот новинар и репортер на СиЕнЕн и ЕјБиСи, Мухамад Али преку подолга нишка на неговиот Твитер профил раскажа неверојатна сторија за најверниот навивач на клубот кој се наоѓа пред прва историска титула во НБА.

Кога помислувате на Торонто Репторс, веројатно на памет ви паѓа и светски познатиот пеач Дрејк кој седи во првиот ред на паркетот и јавноста смета дека е најголем навивач на Репторс.

Но не е.

Во Торонто, вели новинарот Мухамед Лила, го сакаме Дрејк, но постои некој друг кој симболизира сè што е добро од Торонто и Канада.

Се вика Нав Батија. Многу пати можете да го видите крај теренот, лесно е воочлив со голем турбан над главата. Има 67 години и навива погласно дури и од неговиот внук кој е тинејџер.

Кој бил на меч на Торонто Репторс нема шанса да го пропуштил. Но многумина не ја знаат неговата животна сторија: Нав Батија бил на СЕКОЈ домашен меч на Торонто Репторс уште од 1995 година. Да. На. Секој. Домашен. Меч.

Ги пречекал и испратил Дејмон, Винс, Крис Бош 4, милион тренери, трансфери, премини, како год.

Голема работа, а? Чекај, има уште.

****

Батија буквално без ништо дошол во Канада како имигрант во ’80-те години. Како кафеав дечко со турбан на глава и таков акцент, тој не можел никаде да се вработи како инженер, така што почнал да работи како продавач на автомобили во еден позапоставен дел од градот.

Заебано, а? Не. Не и за Нав.

Тој продал 127 коли во само 19 дена! (150 за 4 месеци) Рекорд кој до ден-денес не е урнат. Ги продал на стариот и обичен начин: бил чесен и искрен. Толку добро му одело што наскоро сам ја купил фирмата.

Лудо нели?

А погаѓајте што е полудо? Подоцна купил уште една компанија.

Во 1995 година, дури и кога бизнисот не одел воопшто добро, Нав купувал сезонска карта за натпреварите на Торонто. Многу скапо го чинеле, ама не му било гајле. Го сакал тимот. Го сакал дури и она грдо пурпурно виолетово лого со диносаурус. Го носел гордо.

Ако некогаш патот ве одведе на меч на Торонто Репторс на домашен терен, ќе ја видите дебелата и широка насмевка крај теренот. А кога си имигрант, ништо не те прави поголем Канаѓанец од веењето канадско знаме и навивање за твојот локален тим. Спортот во целосна рамноправност.

Во кој било друг град (гледам во тебе Милвоки), дечко како Нав можеби не би успеал. Но не и во Торонто. Ние сме место каде имиграцијата успешно функционира. И мултикултурализмот исто. Прашај кој било кој отишол да ги гледа Рептрос и ќе ти каже дека тоа е најразновидното место на светот.

Ќе слушнеш многу јазици, ќе видиш црнци како јадат пудинг заедно со Корејци. Во други градови тоа би било незамисливо. Во Торонто и тоа како е нормално. Видете ја пример сликава од прославата на победата на Репторс над Голден Стејт.

Така што, кога ќе видите дечко како Нав, не гледате само суперфан, туку ја гледате приказната на Торонто. Токму затоа Чарлс Баркли го обожава овој град. И затоа Шекил и Леброн Џејмс и многу други доаѓаат секое лето.

Тоа ја прави Канада посебна.

Via