Таг: Италија

Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Италијански банки живи фатени како сакаат да закрпат народ со дијаманти

Најголемите италијански банки во соработка со дилери на дијаманти, на сопствените коминтенти се труделе да им увалат дијаманти продавајќи ги по значително надуена цена, со совет дека тие се здрава финансиска инвестиција.

Луд гол после волеј на Лоренцо Инсиње

Босна не само што ѝ пружи голем отпор на Италија, туку и водеше на полувреме со 0-1 сред Торино после голот на Един Џеко. Италијанците се спасија во вториот дел кога прво Инсиње израмни а Верати во 85’ им донесе победа. Голот на Лоренцо за 1-1 беше ремек-дело.

Рим ќе ја става во ред стоката туристичка, а и домашните

Откако забележаа дека туристите со години активно работат на тоа Рим да не биде „вечниот град“, властите на италијанската престолнина решија да воведат нови и построги правила за тоа кој, што и како може да прави додека е во градот.

КазаПаунд, новиот екстремно-десен негативец од Италија

Партијата КазаПаунд прави Лигата да изгледа како разумни конзервативци од стара школа, и колку што е активна на терен, толку е незапирлива на интернет.

Салвини почна да зема кауција за примени бегалци

Италијанската влада дозволи двете групи бегалци спасени на Медитеранот да бидат истоварени на пристаништата на земјата откако неколку членки на ЕУ се согласија да преземат дел од бегалците. Плус имаат едно ново пипка-трепка правило, кој брод остави бегалци на пристаниште, останува на пристаниште.

Аматери, подалеку од скарата

Во веројатно најскапата скара на светот, двајца Италијанци ќе треба да платат 13,5 милиони евра за штетата што ја направиле од едно единствено правење скара.

Уапсени 34 припадници на италијанската „костозглобна мафија“

Групата учествувала во измама со здравствено осигурување во Палермо, во која наводно им кршеле раце и нозе на луѓе и местеле тоа да изгледа како од сообраќајна незгода, а за возврат добивале процент од осигурувањето.

Како напредува Монца - чисто италијанскиот клуб на Берлускони и Галијани

Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.

Анти-ваксерска карма

Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен?

Италијанската правда како избор на мис

Во Италија ќе треба да се спроведе посебна истрага за работата на апелациониот суд кој одлучи дека една жена била „премногу грда“ за да биде силувана.

Докторот Валентино Роси им пркоси на годините и почнува нова сезона

Пред точно 10 дена, на 16 февруари, легендата на Мото ЏП го прослави својот 40. роденден а за 12 дена ќе ја почне рекордната 24-та сезона! Дваесет и четири години жестоки трки и дуели.

Италијанците ќе откриваат демони од мали нозе

Веројатно ако обичен цивил денес само на еден ден се обиде да замени наставник/наставничка на основци, нема да има ни тронка сомеж дека на децата итно им треба егзорцизам. Е, италијанските власти по сопствено убедување тргнаа по овој пат.

Сопругот ѓубре и неговото право

Сопругот (се уште) на првата италијанска црномуреста министерка, Сесил Кјенге, решава и тој да се проба во политика и да се кандидира на следните локални избори. За да го заслужи насловот неговиот избор за коалиционен партнер е крајно десната Северна Лига.

Што па Макрон се буни кога и тој се меша во италијански работи?

Како за влада која активно ја поддржува италијанската опозиција, Французите многу се вознемирија што италијански функционери им вратија мило за драго, порачуваат од италијанското Движење 5 ѕвезди.

Коби Брајант: „Чистокрвен миланист сум“

А како и не би кога на 6 години се сели со родителите во Италија каде татко по завршување на кариерата во НБА, потпишува со италијанскиот Риети. Коби одлично зборува италијански и одвреме-навреме ја посетува оваа земја.

Дилер на два тона кокаин уловен на сол

Во најголемата заплена во последниве 25 години во Италија паднаа 2 тона кокаин, додека во Шпанија падна човекот што не ги дочека овие 2 тона.

Италија ќе ги отвори пристаништата за бегалци, ама само за реекспорт

По кратко но напнато натегање Матео Салвини објави дека ќе дозволи бегалците кои се на еден спасувачки брод во Медитеранот да се истоварат на италијанско тло, само под услов од таму директ да се префрлат во Холандија и Германија.

Италијански град продава куќи за 1 евро

Се работи за Самбука, кој се наоѓа на Сицилија, излегува на Медитеранот, има полна зима со сончеви денови и од пред некое време нуди куќи на продажба по цена од 1 евро. Плус, сигурно ќе најдете место за паркинг.

Расистички е колку е ЕУ опседната со мигранти

Во најсрамните вести од минатата недела, кои едвај и да добија внимание од медиумите, Доктори без граници ја прекина својата операција за спасување мигранти на Медитеранот заради притисокот од европските нации, а посебно Италија.

Асистенцијата на скорешниот италијански премиер Ренци

Матео Ренци пред неколку години важеше за еден од подобрите градоначалници на Фиренца, а подоцна стана најмладиот премиер во историјата на Италија. Денес е лидер на политичка партија и одвреме-навреме игра фудбал со сопартијците. Ама добро игра.

Салвини булдожерот

Во својата намераченост за справување со мафијата, италијанските власти запленија сериозни имоти низ целата земја, од Сицилија до северот. А на толку запленет имот, проценката веројатно е дека е греота нешто да не се сруши.

Како меѓу навивачите е создаден култот за брендот Stone Island?

Stone Island е дел од фудбалската култура уште од средината на ’80-те, кога англиските фудбалски навивачи го носеле овој бренд од Италија и Франција.