Финалната битка меѓу титаните Франција и Италија на Европското во 2000-та беше соочување на големи имиња на сите стартни 22 позиции. Да ти е мерак да гледаш и да не сакаш да заврши без 120 минути и пенали.
Ова е едно од тие финалиња кои не се забораваат. Малку наликува на финалето од ЛШ една година претходно меѓу Манчестер и Баерн Минхен.
Италијанците предводени од Дино Ѕоф поведоа со прекрасна акција во која учествуваше Тоти со петица, Песото со асистенција и Дел Векио со гол на прва. Беа европски прваци до 93-та минута, но потоа на сцена стапија двајца џокери.
Прво Силвијан Вилторд кој го израмни резултатот, откако Толдо маркиран од Неста не успеа да реагира на време, а потоа во 103-та минута падна славниот златен гол на Давид Трезеге кој душмански ја заби во агол.
Вилторд потоа направи трансфер од Бордо во Арсенал, а Трезеге од Монако во Јуве. Уф какво финале и какви состави.
Инаку четирикратниот светски првак Италија остана на оној трофеј од Европските трофеи освоен во 1968-ма година.