Валентино Роси, човекот на кого некогашниот италијански министер за надворешни работи му додели орден за заслуги што ја претставува земјата на најдобар можен начин, надмина многу пречки и проблеми за време на неговата богата мото кариера.
Сега им прси на годините.
Од првата негова победа во август 1996 година во класата 125 cc кога имаше 17 години, па до денес кога се спрема за премиерата на новата сезона во Катар, Валентино инспирираше многу навивачи ширум светот. Неверојатниот Италијанец ќе се обиде да стане првиот 40-годишник кој освоил титула, првпат после ’50-те години од минатиот век.
Од година во година, во претходните 24 сезони Роси стануваше се подобар како старееше. Минатата година иако не забележа ниту едно прво место, тој заврши трет во генералниот пласман на крајот што е огромен успех на таа возраст.
Современите следбеници на МотоЏП се фасцинирани од неговото ривалство со Марк Маркез, но повозрасните ги паметат неговите „пеколни“ дуели на врелиот асфалт со Сете Жиберно, Хорхе Лоренцо и Макс Бјаџи.
Неговиот договор со Јамаха трае до 2020 година и тој неодамна изјави дека сака да го испочитува до крај. Во кариерата заработи околу 100 милиони фунти само од награди од трките, без бонусите од спонзорите.
Со вакво салдо секој би се решил да седне во некој бар на плажа некаде по светот, но не и „Докторот“ кој деновиве се спрема за трката во Катар.
Роси соопшти и дека има сериозна намера по крајот на МотоЏП кариерата, да продолжи со трките но на необичниот Дакар Рели.
Dnevna doza Doctora
— 🦂 Ron Tv®tko Je®emy 🦂 (@SRBrazzers) February 26, 2019
Grande Vale 4️⃣6️⃣🛐🇮🇹👑💙🤫👀 pic.twitter.com/eaBtsUCfG9