Таг: интервју

Џереми Ајронс: „Бетмен е секој оној којшто поставува прашања“

Во рок од еден месец, 67-годишниот актер има една театарска и три филмски премиери. Во интервју за Гардијан тој зборува за статуетката на Буда на која ѝ се обраќа додека подготвува улога, за крајот на американската демократија и за поуката на Бетмен против Супермен, во којшто го игра Алфред.

Ми недостига коментирањето и дражта на италијанското

Без разлика на возраст, нација, религија и навивачка припадност, сите вљубеници во италијанскиот фудбал долги години се возевме во возилото кое во сабота и недела го предводеше човекот кој сосема случајно доспеал во коментаторската позиција.

Шестото сетило на Ласана Диара

30-годишниот фудбалер на Олимпик Марсеј на чуден начин објави дека се враќа од повредата која го оддалечи од терените од почетокот на јануари.

Не ми е криво за тоа што го пропуштив во младоста

Само во последните две и пол години Кире подигна 12 пехари со Барселона. Европа лани му се поклони за историскиот подвиг од 1.000 голови во ЛШ, а на Пољаците им одговари дека Македонија не е аутсајдер. За празниците чепнал од мрсното, но потоа тренирал двојно.

Контроверзите околу интервјуто на Шон Пен со Ел Чапо

Професионалните новинари скандализирани од „глумењето" новинар на холивудскиот глумец, кој според нив погазил куп етички принципи во портретирањето на нарко-босот. A да не се они малку љубоморни?

Златните денови на кошаркарскиот бренд Работнички кој стана четврти во Европа

Од Рики слушнавме за првото забивање на отворено игралиште во Скопје, за првиот пресинг, првиот Југословен кој заминал во НБА лигата и како во Милано ги наместиле да загубат за да не влезат во финале на Европскиот Куп. Се чувал и со Корач.

Жената која ги празни кладилниците во Демир Капија и Скопје

Ако не сте сигурни дали Ѓоковиќ ќе слави против Федерер, дали Баерн и Борусија ќе тепаат колово или која утакмица да ја играте кец у два, прашајте ја Мирјана. Има 61 година, а фудбалот ја исполнува духовно. 

„Зборовите поевтинија - ни треба нов јазик!"

Дали е можен „учен активизам" и кои се опасностите од негово сведување само на учество на протести? Како системот ги „вшмукува" и припитомува поединците? Дали интелектуалците треба се вмешаат „меѓу народот", или прво треба да се замислат колку и самите придонеле за инфлација и злоупотреба на термините со кои се служат? Сето ова во интервјуто кое следи.

Нова зезалица на маестралниот Поп

Легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Поповиќ е познат по кратките одговори на прашањата, посебно за време на прес конференциите затоа што не сака таков вид на комуникација. Овој пат си поигра со еден новинар, кој на крајот покажа знаци на нервоза.

Лори Андерсон: Капитализмот е катастрофа за човечките релации

Во Телурајд, Колорадо во септември повеќе од 40 години се одржува фестивал, на кој се прикажуваат нови филмови (услов е тоа да им биде северноамериканска премиера). Оваа година меѓу другите луѓето го гледаа, и плачеа на новиот документарец на Лори Андерсон.

Секое можно интервју со ѕвезда

Пред да почнеме, една работа - интервјуто не е вистинито и не се однесува на една ѕвезда, женска или машка, туку повеќе е збирно искуство од сето она што може да се прочита по магазини / интернет / весници.

Дејан Дуковски: „Толпа понижени очајници не се општество"

На сцената на Српско народно позориште во Нови Сад неделава се одржа праизведбата на најновата драма на Дуковски, „Духот кој оди" во режија на Ацо Поповски. Еве го неговото интервју за српски Блиц (читајте го со гласот на Дукац во себе).

Кога Докинс го интервјуираше Хиченс

Во декември 2011, на повеќе од 100 страници, излезе божикното издание на списанието New Statesman, чиј гостин-уредник беше Ричард Докинс. За овој специјален број тој направи големо интервју со Кристофер Хиченс, негов пријател и атеистички соборец, кој почина пред објавувањето. Сега тоа за прв пат е достапно онлајн. 

Џон Лајдон веќе не е толку Ротен

Во април издаде втора автобиографија на повеќе од 500 страници, „Лутината е енергија: мојот живот, нецензуриран". Утре, 4 септември, излегува и неговиот нов албум, „Она што му треба сега на светот". Човекот кој беше познат како „Џони Гнилиот“ има скоро 60 години, а според ова интервју сега е прилично зен, и не толку лут на светот.

Квентин Тарантино: „Ме депримира кога некој гледа мој филм на телефон“

Среде постпродукцијата на неговиот осми филм, The Hateful Eight, за банда одметници заглавена во салун среде бура, режисерот во големо интервју за New York Magazine зборува за проблемот со глупата публика, културолошката вредност на вестернот, кои серии му се допаѓаат а кои не, и за евентуалната пензија.

Беше, Бог да го прости, невозможен човек

Имаше деновиве човечки убави и искрени испраќања од починатиот Арсен; Раде Шербеџија и  Зоран Предин, Миљенко Јерговиќ, Ѓорѓе Балашевиќ....Одбираме да ви го пренесеме сеќавањето на Анте Томиќ за епизодата кога му земал интервју за Плејбој. За контроверзите во самиот Арсен, за простаклукот и аристократската рафинираност кои истовремено ги поседувал. Му кажал еднаш Томиќ: "Се имате повлечено во себе". Арсен одговорил: "Е, не, во тебе ќе се повлекувам".

И мртовците требало да знаат дека Вардар го победил Хајдук

За да ја прочитате втората задолжителна лектира од легендарниот коментатор Ивко Панговски добро е прво да почнете со првата. Човекот кој добил две плати награда за интервјуто со Кирк Даглас, за шоуто кое го направил на Радио Сараево добил уште една. Ни раскажа и за еден трансфер во ФК Граѓански во кој бил вклучена и крава.

Интервју со Лајбах пред нивниот настап во Северна Кореја

Вест којашто го обиколи светот - на 19 и 20 август Лајбах настапува во Пјонгјанг. Во разговорот со Ирена Шентевска од „Време", од кого пренесуваме делови, Лабах зборуваат за ова гостување, за народната музика и за ретроспективната изложба во Модерната галерија во Љубљана, која е во тек.

Роналдо пред камера кога стигна во Манчестер

Интервјуто е пред 12 години, кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд и не стоеше така добро со англискиот. Во одговорот не успеа да му помогне ниту Гери Невил. По 12 години работите се многу поинакви за него.

Народот е глуп, а сега се буни затоа што е глуп

Светскиот мега цар, во пренесено интервју, кое е комбинација на социо-психолошка анализа на современата човечка ситуација (подвид: балканска) со спомени од деведесетите - еротското шоу на ТВ Сараево, неговото алтер-его Нагиб Фазлиќ Нагон и кој е всушност виновен за војните.

Пиев виски со Кирк Даглас и му раскажував на Тито за Вардар

За Ивко Панговски велат дека е коментатор со најмногу постигнати голови поради неговиот коментар по кој е најпрепознатлив: Гол, гол...не е гол. Ни го извади листот со составот на екипите од првиот пренос кој одел на Радио Скопје во 1946-та и од првото годишно собрание на ФСМ. Тоа што тој го има по фиоки, го нема на интернет.

Пророчко интервју со Хаксли од пред 57 години

Вчера, 26.07 се навршија 121 годинa од раѓањето на Олдос Хаксли, авторот на антологиската „Храбриот нов свет" од 1932. По тој повод едно ретко телевизиско интервју со него од 1958, кое не само што во голема мерка е визионерско за тоа како стојат работите во светот денес, туку е и пример за тоа како се прават интервјуа - како вкрстено испрашување, без пардон, и со - цигара во уста!