Интервју со Лајбах пред нивниот настап во Северна Кореја

Вест којашто го обиколи светот - на 19 и 20 август Лајбах настапува во Пјонгјанг. Во разговорот со Ирена Шентевска од „Време", од кого пренесуваме делови, Лабах зборуваат за ова гостување, за народната музика и за ретроспективната изложба во Модерната галерија во Љубљана, која е во тек.

И мајка ми во рекордно време дозна дека наскоро настапувате во Северна Кореја (што е комплимент за вашиот ПР штаб). Можете ли да ни кажете нешто за контекстот на тој настап? Како дојде до него, односно по кој пат стигнавте во Северна Кореја и тоа во период на екстремна политичка напнатост во овој дел на Азија?

Мајките обично знаат најдобро. Со тој проект се занимаваме отприлика една година и дури сега добивме цврсти гаранции дека сме добредојдени таму. Главниот иницијатор и организатор на експедицијата е норвешкиот културен активист Мортен Траавик, човекот кој го режираше нашето видео за песната Whistleblowers и кој веќе со години со својата активност ги отвара вратите на Северна Кореја. Дојде на идеја дека сега е вистинско време за Лајбах во оваа земја, а ние се согласивме.

Најавувате дека ќе ги изведувате своите хитови, севернокрејски народни песни, популарниот севернокорејски хит „Ќе одиме на планината Пакет" и мелодии од алпскиот мјузикл „Мои песни, мои соништа". Како го конципиравте овој репертоар и на каква публика ѝ се обраќа тој?

Одличивме да подготвиме програма која ќе комуницира со перцепцијата на корејската публика, која во естетска и вредносна смисла функционира во сосема поинакви парадигми во споредба со западната публика. Ќе им свириме нешта кои им се барем малку познати. Мелодиите од мјузиклот на пример добро ги знаат, затоа што во високите школи учат англиски врз основа на тие песни. Знаат и некои парчиња од Битлси, па затоа ќе им ја свириме нашата верзија на Across the Universe, и слично.

Каков е воопшто вашиот однос кон музиката на, или од народите? Што е за Лајбах фолк музика?

Автентична „народна", традиционална фолк музика денес е работа на минатото, на историјата, и таа најфино и најбрутално го дефинира карактерот на одреден наорд и култура. Покрај неа постои и современата (турбо) фолк (и популарна) музика, која наголемо ја вулгаризира традицијата, но затоа пак не е ништо помалку прецизна во дефиницијата на народскиот карактер. Обете верзии на фолк музика - и традционална и современа - се втемели на филозофијата на Blut und Boden, иако современата верзија барем до некаде се обидува да го продава како израз на глобален код. За Лајбах „музика од народот " во принцип онаа која убива и заради која се гине.

Дали вашето заминување за Северна Кореја е манифестација за копнеж по политичка утопија, солидарност со „другоста", носталгија за разликите, имплицитна критика на новата студена војна и на актуелниот геополитички раздор, сето тоа заедно или нешто сосема друго?

Сè кажавте во прашањето, немаме подобар одговор. А она под „сосема друго“ и онака е невозможно да се дефинира (или е можеби добро да се премолчи).

Дали прославата на 30-годишнината од вашата работа во Трбовље и изложбата за Лајбах во Љубљана одбележуваат некој посебен период на рефлексија за вашата досегашна работа? На кој начин ги конципиравте и ги координиравте овие настани? Дали тие најавуваат некој пресврт во иднина?

Секој наш јубилеј го користиме исклучиво за да се направи инвентар и собраните материјали да се стават во подрум, за полесно да се дише и да се оди понатаму, со што помалку багаж. Зденка Бадонивац се одлучи за историски и фактографски приказ на периодот помеѓу 1980 кога настанува Лајбах, преку 1984 кога е востановен НСК до 1992 кога е прогласена државата НСК. Секоја група (Лајбах, Ирвин, ГЛедалишче сестер Сципион Нашице итн.) е прикажана самостојно, а постои и заедничка соба на НСК, каде изложбата го дефинира принципот кои ги поврзувал сите тие групи во заедничко движење. Денес НСК веќе не постои, но постојат изложба икаталог. И секако постои Лајбах, кој е вечен.

30 јули 2015 - 15:55