Таг: фудбал

Кога спортот не е само игра

Навивачкиот декор на трибините е составен дел од секој фудбалски натпревар. Но меѓу нив има и по некој идиот, како оној кој викендов усмрти камерунски фудбалер. Фудбалот за жал носи жртви и при опасни меѓусебни дуели на терен.

Таленти ископани од Фудбал Менаџер

Целиот бизнис со нови и неоткриени фудбалери се базира на многу бројки и статистики околу фудбалерот, а ретко кој се снаоѓа добро со бројки како видео игрите за фудбал.

Како изгледа кога целиот свет гледа фудбал?

Писател, дизајнер и уметник, како и илјадници твитерџии, се здружуваат во еден интересен проект - приказ на тоа како изгледа кога целиот свет гледа и емотивно доживува еден ист настан. Во овој случај финалето на Светското првенство во фудбал.

Зошто фудбалерите глумат фаул

Како дел од фасцинираноста со Светското првенство, Американците постојано анализираат некои сегменти од играта на кои ние не им посветуваме внимание (како на пример, зошто има дополнително време на натпреварите). Сега се фатија за фудбалерите што лажираат повреда.

Дали Првенството има свој „лингва франка“?

На преносите од натпреварите често гледаме сцени кога фудбалерите комуницираат со главниот судија - мафтаат со раце, прават гримаси, мрдаат со уста - главно протестирајќи против некоја негова одлука. На кој ли јазик го прават тоа, ако судијата не го зборува нивниот?

Фудбалот само изгледа дека е популарен во САД

Натпреварите на американската репрезентација ги срушија рекордите на гледаност, и тоа е проследено со досега невиден интерес за фудбалот посебно на социјалните медиуми, само треба да се разбере дека сето ова е привремено.

Kнижевно светско првенство во фудбал

Англискиот тим е родово и жанровски мешан, па ги содржи и Ник Хорнби, но и Агата Кристи. Американците се многу јаки со Хемингвеј и Фицџералд, но Селинџер често не им се појавува на тренинзи. Каков би бил македонскиот?

Како севернокорејските фудбалери завршија во рудник

Секој народ во својата митологија има некој митски пораз, траума која се прераскажува од колено на колено, со мрачно лице и со длабока воздишка. Кога нема војни и природни катастрофи, тука е фудбалот.

Зошто Американците го викаат фудбалот „сокер"?

Популарното уверување е дека сокер е бизарен лингвистички пронајдок на Американците. Но тој, за чудо, е британски збор, кој сега самите Британци не го поднесуваат.

Сите проблеми на Американците со фудбалот

Колумнистот на магазинот Политико го анализира постојаното одбивање на Американците да го прифатат фудбалот, за што според него виновна е самата игра бидејќи - играта е трагична и тоа е во спротивност на американскиот етос. Делот со трагедијата е што нема доволно поентирање за публиката почесто да се радува.

Писателот кој го дизајнираше фудбалскиот дрес на Бразил

Во чест на почетокот на фудбалското првенство, неодамна беше реиздадена книгата на Алекс Белос, Futebol, која се однесува на историјата и културата на бразилскиот фудбал. Едно поглавје е посветено на необичниот дизајнер на бразилскиот дрес.

700 години откако беше забранет фудбалот

Англичаните секогаш гордо се фалат дека тие го имаат измислено фудбалот, но забораваат и дека го имаат забрането. Најважната споредна работа на светот пред точно 700 години беше забранета во Англија, Шкотска и Франција.

Спорт во подем - фудголф

Што се добива кога ќе искомбинирате фудбал и голф? Фудголф! Се игра според правилата на голфот, само што наместо топче и голф палка, се шутира фудбалска топка.

Фудбалот е одлична забава и ужасна инвестиција

Средината на 2011-та е последен пат кога вредноста на акциите на европските фудбалски клубови била на исто ниво со глобалниот индекс на берзите. Од тогаш тие постојано паѓаат. Денес се на половина.

90 сантиметри и 2 секунди

Врвен фудбалер од светска класа и просечен полупрофесионален играч се разликуваат во само неколку сантиметри и милисекунди.

Правила за фудбал кога си копиљ

1. Ако си дебел тогаш браниш.

2. Тој што ја донел топката кажува кој ќе игра.

„Спорт“ го прогласи победникот

Каталонскиот весник „Спорт" Златната топка и ја додели на Евангелина Андерсон, поранешна девојка на фудбалерот на Малага Мартин Демикелис. За разлика од Меси кој своите конкуренти ги победи со 41,60% од гласовите, Евангелина беше поубедлива со 57%.

Што ли му бидна на фудбалеров?

Несекојдневниот настан се случил во Иран каде на сред натпревар фудбалерот наеднаш полуде. Во ваква улога обично сме навикнати да ги гледаме ултрас навивачите кои често пати знаат да предизвикаат слични инциденти.

А ко сам онда ја?

Додека ние бевме зафатени наоѓајќи им јазични и стилски маани на нашите коментатори, во соседството се случувале епски изливи на креативност.

Чие е тоа пиво?

Текстов може да ви се допадне од три причини: ако сте по фудбалот, ако сте по пивото, или ако сте по добрите анализи на транзициско-глобализацискиот помор на „автентичноста“. На пример на автентичното, „наше“ пиво, кое сега не знаете дали доаѓа од Белгија, Данска или од Боливија.

Фудбалска струја

Струјата е најновиот добродет што ќе го добиваме од фудбалската топка. Стапката на конверзија е 30 минути шутирање за 3 часа струја.