Фудбалот во Англија се играл и пред 1873-та година кога официјално се запишани првите правила на игра. Порано немало строги правила, па две големи групи на луѓе најчесто од соседни села, се обидувале да ја шутираат и носат топката до селската црква, сред село или до гробиштата.
При ваква „игра", луѓето често завршувале со скршени носеви и коски, а околните имоти секогаш биле оштетувани.
На почетокот од 14-от век, растот на популарноста на фудбалот била причина за локалните трговци од Лондон да се пожалат владетелот, па во 1314-та година Кралот Едвард II ја забранил играта во градот.
Законот го почитувале и неговите наследници, па фудбалот бил забранет и во времето на Едвард III, Ричард II, Хенри IV и Хенри V. Примерот го следеле и во Франција каде Чарлс V ја забранил играта, а истото го сторил и шкотскиот владетел Џејмс I.
Но луѓето и натаму продолжувале да играат фудбал и покрај тоа што често заработувале високи казни за секој скршен прозор. Времето минувало, кралевите умирале, а се менувал и фудбалот. Воведени биле правила, се формирале клубови, а фудбалот прерасна во најважна споредна работа на светот.
Но не секој Англичанец смеел да игра фудбал. Во 1921-та година, неколку години откако жените добиле право на глас во Британија, Фудбалската асоцијација на Англија им забрани на жените да играа фудбал. Оваа забрана беше поништена дури во 1971-та година.