Додека некој се простува од таткото, некој зборува за ајвар

42 годишниот Стјепан Иван Хорват е најпопуларен хрватски свештеник, ако се суди по социјалните мрежи;  на Фејсбук го следат преку 260.000 луѓе (во суштина небитно, пошто Исус имаше само 12 фоловери од кој едниот испадна хејтер). Последната лавина реакциии ја предизвика редејќи што сè слуша на погреб додека семејството се простува од блискиот.

Е, мој народе...

Погребот е сериозен и достоинствен чин. Тоа е момент кога се збогуваме со некој што ни бил драг, кого сме го сакале, со кого сме поминувале време, некој кој бил дел од нашите животи и сега, за век и векови, се разделуваме со таа личност.

Сè почесто сведочам како, додека семејството плаче околу ковчегот, луѓето околу нив зборуваат:

за тоа како се прави ајвар,
за двојниците на Путин,
за формата на Марко Ливаја,
за цените во Бол на Брач,
за промените во најновата апликација на Конзум…

Дајте луѓе.

Додека зборувате за тоа дали во ајварот оди 2 или 3 посто сол, некој до вас засекогаш се збогува со својот татко.

Додека се расправате за политика, некој ја оплакува својата мајка.

Додека зборувате за Ливаја, некој се збогува со својата сопруга или дете.

Затоа, да бидеме луѓе.

Да дојдеме, да се молиме, да ја почитуваме тишината, да покажеме почит. Подоцна има време за приказни и расправии - за погреб треба срце.

Ајде да пазиме едни на други... 

Стјепан Иван Хорват

7 септември 2025 - 12:36