Чачак: Новинар против новинар, татко против син
7 септември 2025
- Во Чачак било напнато, со тензии меѓу поддржувачите на Вучиќ и владејачките СНС и граѓаните кои протестираат против власта.
- Вториве ги спречиле автобусите на првите да дојдат на закажаниот митинг против блокадите во земјата.
- Се случил и инцидент меѓу двајца новинари. Основачот на чачанскиот портал Н2, пријавил дека бил нападнат од сопственикот на „Гласот на западна Србија.“ Двајцата биле во повеќегодишен спор околу користење фотографии.
- Полицијата морала да ги раздвојува таборите а се појави снимка која сугерира дека во спротивставените групации има членови на исто семејство.