
Со головите на Елмас, Барди, Чурлинов, Ќамили и Лука Станковски, Македонија лесно се справи со Лихтенштајн, кој важи за аутсајдер во нашата група.
По 5 кола во квалификацискиот мундијалски циклус, Македонија останува лидер на табелата со 11 победа и скор од 3 победи и 2 нерешени средби.
Белгија и Велс се на втора и трета позиција, со тоа што Белгијците имаат натпревар помалку, а Казахстан е претпоследен со 3 бода.
До крајот на квалификациите преостануваат уште 3 кола. На 10 октомври гостуваме против Белгија, а на 13-ти во Скопје ни доаѓа Казахстан.
Во последното коло закажано за 18 ноември, следува гостување против Велс.