1 ноември 1920. година
Помошната полиција на Обединетото Кралство во Австралија прекина еден крикет натпревар во Кроук Парк, а со многу истрели кон толпата убиени биле 12 гледачи и еден играч, Мајкл Хоган.
Тој бил капитен на Тајперари, а една од трибините 3 години подоцна била наречена по него.
18. август 2011.
Сергеј Перкхун, украинскиот голман на ЦСКА од Москва починал на 23 години по еден жесток дуел со Будун Будунов во натпревар против Анжи Махачкала. Пренесен во болница, во коматозна состојба, починал 10 дена по трагичниот настан.
29. февруари 2004.
Жозуе Дани Ортиз Малдонадо, голман од Гватемала, умрел од слични последици како неговиот колега од Украина. Несреќниот момент се случил кога Малдонадо фатално се судрил со противничкиот играч Марио Рафаел Родригез.
Голманот починал на пат кон болницата по обилно надворешно крварење.
5. декември 2004.
24-годишниот бразилски напаѓач Кристијано Жуниор го загубил својот живот на натпревар од индиската лига, во дресот на неговиот клуб Демпо.
Трагичен исход имал дуелот со противничкиот голман, во моментите кога Жуниор постигнал гол кој никогаш нема да го види.
3. април 2008.
На иста возраст како Жуниор, во Хрватска на фудбалски терен почина Хрвоје Чустиќ (24). Хрватскиот напаѓач не успеал да преживее еден силен удар со главата во еден од оградните ѕидови, во првите минути од натпреварот на неговиот Задар против Цибалија.
15. март 2009
Џумади Абди, играч од средниот ред на ПКТ Бонтанг, клуб од индонезиската прва лига, го загуби својот живот во несреќен дуел со играч од противничката екипа Персела.
23. август 2014.
Алберт Ебосе’, камерунскиот напаѓач на Кабиле, беше погоден со камен по главата, веднаш по завршувањето на натпреварот во кој токму Камерунецот постигна гол од пенал.
Несреќата е уште поголема, откако официјалните лица на клубот соопштиле дека Ебосе’ бил погоден со камен од своите навивачи, а центарфорот на алжирскиот клуб само неколку часа претходно станал татко.