Таленти ископани од Фудбал Менаџер

Целиот бизнис со нови и неоткриени фудбалери се базира на многу бројки и статистики околу фудбалерот, а ретко кој се снаоѓа добро со бројки како видео игрите за фудбал.

Креаторот на видео играта Фудбал Менаџер, Спортс Интеракив, целата своја база на податоци од игрицата ќе ја спои со базата на Prozone Recruiter, онлајн платформата за анализи која ја користат некои од најголемите светски фудбалски клубови во потрагата по нови таленти.

Во податоците на СИ, има информации за договорот, биографијата и позицијата на играчот, што тие ги собираат веќе две децении. Ова ќе се надоврзе на постојната база на податоци на Prozone, кој содржи и видео клипови од настапите на десетици илјади фудбалери низ целиот свет.

"Базата на податоци на Спортс Интерактив е прецизен и вреден ресурс кој ќе ги надополни сервисите за скаутирање што веќе ги нудиме," изјавил ЦЕО-то на Prozone, Томас Шмидер.

Од Спортс Интерактив изјавуваат дека им е мило што конечно по толку години слушање приказни дека фудбалските менаџери и скаути ги користат нивните податоци во својата работа, тие и официјално ќе ја превземат платформата.

За своите потреби СИ користат мрежа од околу 1.300 скаути низ целиот свет. Не е познато дали СИ во идните изданија на игрицата ќе ги користи податоците на Prozone, за дополнување на својата база.

 

13 август 2014 - 09:47