"Американците премногу сакаат поентирање за да можат да уживаат во игра во која е поважно да се спречи успехот, отколку тој да се постигне," пишува Стивен Веб.
Тој го споредува фудбалот со маките на Сизиф, со таа разлика што тука кога ќе го дотркалаш каменот до врвот на планината има некој што едвај чека да ти го рогне на сосема спротивната страна.
Проблемот во самиот фудбал е што тој има вредности од "стариот свет," според кои поединците не треба да се истакнуваат од толпата, една група не треба да има предност пред другата, привлекување внимание на себе се смета за невкусно...
"Иако Американците обожуваат спортови кои ги нагласуваат индивидуалните вештини, фудбалот изгледа како да е дизајниран да ја минимизира нивната зачестеност. Такви моменти на убавина се главна причина зошто некои спортови ни се толку привлечни.
Во фудбалот пак, овие моменти повеќе се инцидентни отколку природен дел од т.нр. убава игра. Очекувањата на фановите се толку ниски што тие всушност се изненадени, навистина изненадени кога некој ќе ја шутне топката на нечовечки перфектен начин. И ако перфектниот шут не заврши во гол, тогаш, ова воопшто не е изненадување. Фудбалот затоа е привлечен за песимистите, за луѓето кои се залагаат дека е подобро да се избегне разочарување отколку да се бара премногу радост. Со други зборови, странци," продолжува Веб со баражот против фудбалот.
Последно на листата проблеми е што кога Американците се привлечени од трагедија, тие сакаат таа да биде насилна, "а фудбалот и тука разочарува." За Веб разочарувањето е што тука најмногу што можеш да направиш е да турнеш некого и тоа не секогаш.