Таг: фејсбук

Фејсбук го укинува фидот за вести и ги враќа во њуз-фид

Експериментот во кој вестите добија посебен таб и беа иселени од њуз-фидот ќе биде прекинат од Фејсбук по сериозната опозиција и критики на темата. За почеток експериментот беше спроведен врз публиката од 6 држави.

Палеолитската Венера е премногу секси за Фејсбук

Славната 30.000 години стара (но држеча) Вилендрофска Венера е еден од најстарите уметнички артефакти, и културно наследство од непроценлива вредност. Сега таа може да се пофали со уште нешто - нејзина слика е цензурирана заради голите облини, кои богами ги има.

Премиер лигата се крми со 4,5 милијарди фунти од ТВ права

Текстовите во кои се пишува како некој таму Брајтон заработил повеќе од Реал Мадрид за телевизиски права на нивните натпревари ќе читаме и во иднина.

Лајк од Зукерберг што дневно на Фејсбук се трошат по 50 милиони часови помалку

По сè што му накалемија за и околу изборот на Трамп, Зукерберг одлучи дека решението на проблемот не е во тоа подобро да се контролира содржината што се објавува, не е да се води контрола кој што содржина рекламира, не е да се внимава на насилство и малтретирање на Фејсбук (по идеолошки или какви било други основи), туку да го намали бројот на вести од медиумите што стигаат до нивните фанови.

Три месеци во пеколот

Моментално во Берлин и во Есен над 1.000 луѓе по цел ден ги чешлаат содржините објавени на Фејсбук, и ги требат најодвратните или по која било основа недозволени текстови, видеа и слики што се постираат таму. Сведоштвото на еден поранешен вработен во овие центри Сидојче цајтунг го објавува под горниот наслов.

ФБ ќе ја утврдува веродостојноста на вестите со анкета

Бидејќи се под константнa и сè поголема бламажа дека се главен канализационен одвод за лажни вести и црна пропаганда, Фејсбук мора да покаже дека нешто прави со тој проблем. Генијалците смислиле - анкета. Со вкупно две прашања. 

Го избришав Фејсбук од телефон, а и треба истото да го направиш

Само треба да ја избришеш апликацијата. Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата, топло препорачува Миријам Крамер од Мешабл.

Фејсбук станува претерано страшен

Во нешто што наликува на сценарио од следната сезона на Black Mirror откриено е дека Фејсбук знае како да те следи користејќи ја прашината на камерата на твојот смартфон.

Во Центарот на Фејсбук за бришење содржини од Фејсбук

Од 1-ви јануари во Германија почнува да важи законот со кој социјалните мрежи се одговорни ако во рок од 24 часа не отстранат говор на омраза, лажни вести и нелегален материјал од своите платформи. И тоа по 50 милиони евра одговорни за секој ваков пост.

Осум предвидувања за технологијата во 2018

Што ги чека технолошките компании, како технологијата ќе се справи со напливот на лажни вести, дали велосипедските патеки полека ќе бидат освоени од електрични возила, што е тоа монопсон, како да се организираат оние кои што работат во тн. гиг економија... се некои од предизвиците во годинава што е пред нас.

Може ли Фејсбук да биде суден за злосторства против човештвото?

Како што со ред низ арапскиот свет паѓаа најразлични устоличени деспоти, Фејсбук беше величан како столб на демократијата, а Зукерберг за нејзиниот пророк. Откако истиот систем, од истиов човек, идентично се искористи за мешање во американската политика и исходот од нивните избори, фан базата на социјалната мрежа сврте на хејтање на истата, а Атлантик прашува: дали може Фејсбук да заврши на суд?

Издржан аргумент за растурање на Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл

За да изградиш компанија со стотици милиони корисници и капитал од милијарди долари треба своето постоење да го поврзеш со некој од главните човечки органи или инстинкти. Во примерот на човек на Скот Галовеј од Универзитетот Њујорк, Гугл е мозокот, Фејсбук е закачен на нашата потреба да сакаме и да се грижиме за некого, Амазон ја покрива нашата „потреба за уште“, a Епл инстинктот за репродукција.

Пара на пара оди, и тоа ти е

Браќата Винкелвос се двајца баксузи на кои Марк Зукерберг во основа им ја краде идејата за Фејсбук. Исто така, од пред некој ден тие се и првите биткоин милијардери во светот, и тоа баш со парите што ги ќарија од Зукерберг.

Експериментот на Фејсбук со лажни вести не успеа

Во обид на кој упадливи му се само слабите страни, Фејсбук сакаше да го реши проблемот со лажни вести така што под секој пост први ќе ги реди коментарите што во себе ја содржат фразата „fake news“.

Проверувачи на факти на Фејсбук, како тоа пи-ар звучи

По година и кусур пумпање на приказната Хилари изгуби заради неспособноста на Фејсбук да се справи со ботови и неброени патувања на американски новинари до Велес само за да се вратат со истата сторија (пост-комунизам, млади деца, сиромашни родители...), при последниот масакр во САД сите анти-бот / њуз механизми воведени од Фејсбук во овој период дозволија за кратко време мрежата да биде преплавена од лажни вести, кои тврдеа дека убиецот е од крајно левичарска организација. Од нив само еден пост беше споделен над 260.000 пати.

Ние сме од Фејсбук, тука сме да погледнеме

На времето еден од тестовите за откривање гуштери (и интелигенција) на интернет беше: прати ми го бројот на кредитната картичка, да го проверам да не ти го има некој украдено. Сега Фејсбук сака да те заштити од тоа некој бивш да не објави гола фотка од тебе на Фејсбук, така што ти на Фејсбук доброволно ќе им пуштиш угол гола фотка од себе. Им треба за мустра.

Како Фејсбук ги дознава сите луѓе што некогаш си ги сретнал?

Во анегдоталните примери за тоа кој сè им се има појавено на луѓе во „People You May Know“ на Фејсбук, има жена која на 6-години била напуштена од својот татко за 40 години подоцна Фејсбук да и ја понуди неговата актуелна девојка како пријател, адвокат на кој како пријател му е понуден еден од противничките адвокати со кој комуницираат само преку службен меил, и таен донатор на сперма на кого Фејсбук му го нуди детето како некој што би требало да го познава.

Како малите сипаници инкубираа на македонскиот дел од Фејсбукот

Ако немате чуено, да ве информираме дека изминатата недела во Скопје изби епидемија на морбили (мали сипаници). Значи: во 2017, во Скопје има епидемија, на таа, ни нова, ни незапирлива болест - сипаници. Како се случи тоа? Игнорантни родители заглавени во неодговорни и повеќекратно побиени теории на заговор за штетноста на вакцинирањето. Како сите овие години инкубираше оваа епидемија пред да избие, ќе видите низ дел од коментарите што сето ова време ги добиваме на текстовите кои ги објавуваме на тема вакцинација и глупавоста на нејзиното избегнување.

Гугл и Фејсбук ја оставија ЕУ пократка за 5,4 милијарди евра

Делувајќи како поделена личност, додека декларативно се залагаат за поголеми социјални права во општеството (повисока минимална плата, здравствена заштита и сл.) големите технолошки компании во исто време активно и крајно успешно работат на сопствениот директен придонес против проширувањето на овие права преку наоѓање се поинвентивни начини за неплаќање на даноци, од кои ваквите промени би требало да бидат финансирани.

Шпанија го сотре Фејсбук. Не.

Заради недозволено собирање лични информации како пол и религија на милиони шпански корисници, Фејсбук ќе треба да и исплати на Шпанија казна од 1,2 милиони евра. (Сумата не е грешка).

Зошто лажните вести толку брзо се шират на Фејсбук

Прво, самите социјални мрежи се така склопени што овозможуваат вирално ширење лажни вести. Второ, луѓето што работат на ширење лажни вести одлично си ја знаат работата (несебично помогнати од самите социјални мрежи).

Обраќање до Зукерберг од работничката на Фејсбук што живее во гаража

Во нешто кое без претерани внатрешни дилеми може да се толкува како ишарет на Зукерберг кон можноста да се кандидира за претседател на САД во 2020, првиот човек на Фејсбук тргна на турнеја низ САД за да "научи за надежите и предизвиците на луѓето" низ земјата. Дел луѓето што работат во Фејсбук порачуваат - а нас да нè прашаше?

Крајот на џиновите?

Гугл собира 77% од парите за реклами во резултатите од пребарување. Гугл и Фејсбук контролираат 56% од пазарот на реклами на мобилни уреди. На Амазон отпаѓа 70% од целата продажба на е-книги и 30% од е-трговијата во САД. Низ Фејсбук минуваат 75% од сите инстант пораки, кога ќе се собере сообраќајот на ФБ месинџерот, Вотсап и Инстаграм пораките.

Бизнисот со вести е пред дното

Конзорциум издавачи на весници одлучи проблемот со пропаѓањето на бизнисот со вести да го решава со колективно преговарање со најголемите злотвори (и помагатели (и злотвори)) на медиумите - Фејсбук и Гугл.