Таг: фејсбук

Фајронт за Кембриџ аналитика

СЦЛ групацијата започна процедура за затворање и прогласување банкрот на компанијата ќерка Кембриџ аналитика, заради скандалот со искористување на податоци и некоректно однесување за време на американската претседателска кампања во 2016.

Што треба да пишува во условите за користење на Фејсбук

Една од пораките кои се проткајуваа низ сведочењата на Марк Закерберг пред американскиот конгрес беше обѕирната желба корисничкиот договор за Фејсбук да биде разбирлив за луѓе. Или како што ќе објасни еден од сенаторите „Еве што сакаат сите денес да ти кажат - и ова го кажувам нежно - твоите правила за користење не ги бива. Нивна цел е да го покријат задникот на Фејсбук, а не да ги информираат корисниците кои се нивни права.“

Извинување од луѓето што го создадоа интернетот

Дури и оние кои го создадоа нашиот дигитален свет се згрозени од тоа што го креираа. Анализа на сè што тргна во погрешен правец - од архитектите кои го создадоа.

Фејсбук е 24 милијарди долари побогат по сведочењето на шефот

Како што Закерберг махерски ги затвори сослушувањата пред американските законодавци, така вредноста на Фејсбук инстантно пркна на американската берза.

Фоторепортерите ги фатија личните белешки на Зукерберг за сослушувањето

Во најновото поглавие од масовната показна вежба по приватност за Зукерберг, фотографите не му простија на основачот на Фејсбук што заборави да ја затвори папката со документи.

Што сè интересно кажа Зукерберг на сослушувањето

Зукерберг на спарингот со американските сенатори дојде добро навежбан и обучен се што и како треба да каже (наводно во подготовките минал и цело 4-часовно сослушување) околу сите работи кои со право или без му ги припишуваат на Фејсбук. Иако најголемиот дел од одговорите му беа по скрипта, имаше и доста ексклузивни новини во неговото сведочење.

Квизот што ги „обработи“ американските гласачи

Понудата што во 2014 беше дадена до корисниците на Фејсбук е „реши го психолошкиов тест и добиваш 5 долари“. Сето ова беше направено во име на академско истражување, и така остана барем додека податоците и резултатите од ова истражување не завршија кај Кембриџ аналитика.

14 години извинувања од Зукерберг не го поправија Фејсбук

Во 2003-та, една година пред основањето на Фејсбук, сајт по име Фејсмеш без дозвола ги собира сликите на студентите од интранетот на Харвард, па потоа на корисниците им нуди да ги рангираат по убавина. Ова јасно предизвикува гнев, по што сопственикот на сајтот брзо пушта извинување во кое нагласува дека не планирал ништо лошо „дефинитивно сега разбирам како моите намери може да бидат перципирани во погрешно светло.“ Сопственик на сајтот е тогаш 19-годишниот Зукерберг.

Седи, куме

Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.

Фејсбук цел живот се подготвува за #DeleteFacebook

Една од главните основи на незаменливоста на Фејсбук, и покрај целото гнасење од него, е што тој не остави со што да биде заменет.

Без разлика што вети, Фејсбук не прави ништо значајно

Големиот подвиг што Фејсбук го презема по актуелизирањето на неговата улога во изборите во САД и брегзит, е да не им дозволи на огласувачите да користат податоци од трети страни за таргетирање на своите реклами на Фејсбук. Значи и понатаму ќе можат да користат вакви податоци, само тие ќе треба да доаѓаат од Фејсбук, а не од други компании што се занимаваат со собирање лични податоци.

Провери што сè податоци Фејсбук и Гугл имаат за тебе

Иако начините на кои се користат личните податоци на интернет корисниците се далеку од поимливи како за обичниот така и за напредниот корисник, во одбрана на големите социјални мрежи и пребарувачи треба да се каже дека тие најчесто нудат преглед на податоците што ги имаат за вас. Од време на време може да проверите.

Подарок од Фајрфокс: Фејсбук контејнер

Освен што детално ве следи што правите на Фејсбук (без разлика дали во апликација или преку браусер), социјалната мрежа следи и што правите кога не сте на Фејсбук, речиси подеднакво детално. Фејсбук контејнер е решението на Мозила за овој проблем, и во основа екстензијата не му дозволува на Фејсбук да ве манијачи што правите кога не сте кај него.

Марк Зукерберг мисли дека сме идиоти

Благодарејќи на откритијата околу Кембриџ аналитика, дознавме дека Фејсбук дозволил многу поширока и подлабока проституција на нашите приватни податоци отколку што претходно тврдеше. Неискрените објаснувања од Фејсбук навлекуваат уште повеќе прашања и уште помалку доверба кон нив, пишува поранешниот директор на Епл и Хјулит-Пакард, Жан-Луи Гасе.

Фејсбук за 10 дена на берза изгуби 70 милијарди долари, на ред се огласувачите

Ништо од она што се случува со Фејсбук не оди во корист на вредноста на акциите на компанијата (без разлика дали закажано или не, продажбата на акции од Фејсбук од страна на Марк Зукерберг ни најмалку не помогна), она што може да ја влоши целата работа е ако големите компании престанат да купуваат реклами на социјалната мрежа, а почнаа да се откажуваат.

Фејсбук го гледа Андроид како поле за жнеење СМС-и и контакти

Додека сезоната за лов на Фејсбук и понатаму е во најголем ек како никогаш до сега, се продолжува со лепењето на „застарени дела“ на социјалната мрежа. Овој пат, тоа е дека тие ги собирале сите информации за испратени и примени пораки, и телефонски разговори од твојот смартфон.

Фејсбук, би сакала да можам да ти раскинам

Ако има книга за врски што несвесно е напишана за Фејсбук, тоа е „Too Good to Leave, Too Bad to Stay“, пишува Мери Елизабет Вилијамс во Салун, опишувајќи ја својата токсична врска и проблемите со раскинување со најголемата социјална мрежа.

Кембриџ аналитика само го искористи Фејсбук за тоа за што Фејсбук е создаден

На Фејсбук во секој момент активно роварат илјадници апликации од надворешни компании чија единствена задача е да соберат што е можно повеќе лични податоци од корисниците на социјалната мрежа, за истите, најчесто, повторно да бидат искористени на Фејсбук. Гревот на Кембриџ аналитика е што овие податоци ги искористи во корист на брегзит и Трамп.

Како и да го вртиш, Зукерберг пак е ќар

Во ни најмалку коректен потег ЦЕО-то и основач на Фејсбук, Зукерберг на две недели пред да избие целиот скандал и револт против неговата платформа, продал 1,14 милиони свои акции во компанијата (вредност од околу 200 милиони долари). И тоа се само од овие две недели.

#deletefacebook

Фејсбук нè искористува. Активно ги раздава нашите информации. Создава ехо комора во име на поврзувања. Го вади на површина она што нè разделува и ја уништува вистинската причина зошто воопшто почнавме да користиме социјални мрежи - човечки врски. Фејсбук е канцер.

Сноуден: Фејсбук е компанија за следење, ребрендирана во „социјална мрежа“

Откако Гардијан објави репортажа за тоа како Кембриџ аналитика ги искористил легално достапните податоци од Фејсбук во корист на кампањата за брегзит а потоа и за Доналд Трамп, реакцијата на Фејсбук беше да ја суспендира Кембриџ аналитика.

Малиот човек Зукерберг

Марк Зукерберг е мал човек - 170 сантиметри, според Гугл, ама тоа не е општо познато, бидејќи единствените фотографии од него што се јавно достапни се внимателно направени за тој да изгледа повисок, според поранешниот автор на Вајард, Грем Стар. Откако ќе ги прочиташ забелешките на Стар на оваа тема, станува невозможно да ги гледаш фотографиите на основачот на Фејсбук без да ја забележиш вештината употребена во секоја фотографија за да се скрие тајната за неговата висина.