Иако е далеку од загубар што ќе го преземе американската влада па после ќе го продава на странски инвеститори, Фејсбук периодов не го минува лагодно како што е научен.
По повторното актуелизирање на праксите на Кембриџ аналитика за време на изборите, Фејсбук буквално е сардисан од сите страни. Тие што не го сакаа до сега и понатаму не го сакаат, плус новинари и политичари се свртеа против него. Поголем проблем е што и тие што го сакаа до сега, корисници и брокери на берза, почнаа да се откажуваат од него, па луѓе гасат профили (најчесто оние што со години не го користеле) а вредноста на неговите акции на њујоршката берза почна да паѓа.
Иако моментот е зрел за напуштање на мрежата, Вилијамс објаснува дека „чисто раскинување не е лесна опција за секого.“
Шира Френкл од Њујорк тајмс на Твитер во неделата многу прецизно заклучува „Ако сте тргнале да го бришете Фејсбук, слободно. Само знајте дека е привилегија тоа да го направиш. За голем дел од светот Фејсбук е интернетот и единствен начин за да се поврзат со семејството / пријателите / бизниси. Затоа е важно да се има вистинска дискусија за проблемите на Фејсбук со безбедност и приватност.“
„Мојата врска со Фејсбук има многу малку сличности со тоа каква беше таа кога се приклучив во 2007. Во тоа време промискуитетно прифаќав пријатели и тоа по најклимави основи - што е причина заради која завршив, идиотски, да бидам ’пријател’ со моите директни претпоставени на работа, насилници од средно школо и луѓе со кои привремено се гледав. Во тоа време, по навика ја проверував апликацијата за да можам својот статус да го апдејтувам од секаде и во секое време. И иако реакциите беа стриктно ограничени на едноставен палец нагоре, тоа не ме спречуваше да го правам од секаде.
Потоа, неколку години подоцна, избришав половина од листата пријатели и не ни трепнав. Мојата мала група сега е составена од луѓе кои вистински ги сметам за пријатели. Немам професионална јавна страна. Апликацијата одамна ја избришав, па не ни мислам околу скролање низ апликацијата кога губам време - или додека уживам на одмор. Постам со социјалните медиуми, и многу помалку постирам и реагирам. Длабоко сум загрижена околу тоа како нашата приватност е злоупотребена и како лажните стории се шират. Не се сомневам дека историјата строго ќе го суди Фејсбук. Моменталниот циклус на вести не е нешто подобар. Во петокот, Мат Росов од Си-ен-би-си, забележа дека: „Има растечко чувство дека Фејсбук стана многу повеќе страшен отколку забавен... Фејсбук се соочува во вистински проблеми. Наместо да даде одговори на тие проблеми, главните директори продаваат, спинуваат и молчат.
А сепак не можам да се приклучам кон хорското ликување на Твитер (кој дефинитивно е чист и без проблеми, така?) за бришењето на мојот Фејсбук профил. Не можам лесно да заминам од платформата која е толку моќна алатка за регрутирање на заедницата кога тоа е потребно.
Имам пријателка која одржува Фејсбук група за да споделува апдејти - вклучувајќи фрустрирачки и страшни - за нејзината борба со ракот. Таа добива емотивна поддршка и може да побара конкретен совет и помош - и тоа не мора да го прави посебно од човек на човек во време кога нејзината енергија е веќе длабоко истоштена. Друга пријателка го планираше својот Фејсбук задгробен живот додека беше во последниот стадиум на нејзината болест, замолувајќи ме да ја менаџирам нејзината страна. Утрото кога почина, јас можев да ги споделам вестите, заедно со барањето за краток период на приватност за семејството, без тешкотијата на споделување на товарот и пренесувањето на жалната вест да падне на нејзините ужалени роднини. Еден постара пријателка го користи за да остане во контакт со својот скромен број современици. Група соседи го користат за водење евиденција на локалната галама и криминал...
... Едно време, кратко, Фејсбук го сметав за мојот дом. Сега повеќе го гледам како добра соба во проблематичен дел од градот. Понекогаш, и понатаму сакам да одам таму, барем заради глетката. Понекогаш, сакам просторот да го споделам со некој што го сакам. Меѓутоа дефинитивно веќе не живеам таму и никогаш повеќе нема да живеам. Јас не можам да си го вратам она што веќе е земено од нас, без наше знаење, меѓутоа не можам да ја отфрлам ниту уникатната корисност. Па за сега, се уште се чудам за договорот со ѓаволот што 2 милијарди од нас го имаат направено.
Еден пријател во понеделникот ми рече: ’Немав проблем со тоа да ги давам моите лични податоци за луѓе да ми продаваат работи со помош на нив. Луѓе ми продаваат нешто уште од раѓање. Сепак, не знаев дека демократијата е во прашање,’“ пишува Вилијамс.