Таг: Амазон

Непоимливите бројки зад пазарниот удел на Амазон

За овие дваесетина години, од пионер во е-трговијата Амазон е претворен во незапирлив конгломерат од митолошки размери, од кого единствен спас е да не почне да работи во твојот сектор. Бројките што тој ги има во реалноста, се на рамниште на играње видео-игри со „читови“.

Амазон повлече книги кои промовираат опасни „лекови“ за аутизам

Во текот на оваа недела сајтот повлече наслови кои промовираат во најмала рака сомнителни терапии.

Црни, темни зандани за сценариото на Господар на прстените

Адаптација на книгата на Толкин што Амазон ја најавува како ТВ серија од 1 милијарда долари, за сега добива и таков третман од Амазон, барем во однос на безбедноста.

Амазон стигна до неверојатен данок од 0 долари на профит од 11 милијарди долари

Втора година по ред Амазон нема да и плати ни долар данок на профит на американската држава. И ова, ненамерно, значително е помогнато од политиките на Трамп.

Амазон се откажа од градење кампус во Њујорк

Во процедура која наликуваше на избор на домаќин за Олимпијада, повеќе американски градови се кандидираа и му се нудеа на Амазон кај нив да го отвори својот нов кампус. Победи Њујорк, во добар дел и заради субвенциите од 3 милијарди долари што градот одлучи да и ги даде на компанијата. Вчера Амазон објави дека се откажува од Њујорк.

Како да станеш најбогатата жена на светот?

Чекор бр. 1: Разведи се од најбогатиот маж на светот.

Како Кинези го прелажуваат Амазон

Од легален дел имаш „гуруа“ кои ги советуваат кинеските компании како да бидат позабележливи на Амазон. Од нелегален дел има сè од лажни рецензии и купување сопствени производи за кревање на рејтингот, до поткупување вработени на Амазон за да ти избришат негативни коментари. Уште една работа, Амазон моментално брои над половина милијарда производи.

Амазон дневник, записите на работник во магацините на Амазон

Анонимен вработен во центрите за полнење на нарачки на Амазон почнува да пишува колумна за Гардијан во која открива инсајдерски информации за работата и своите колеги. Во магацинот се вработува пред почетокот на главната сезона.

Пара на пара се лепи, милијарди на Амазон

По година и кусур конкурси, разгледувања, кандидатури и слично, Амазон неделава објави дека новото седиште на компанијата ќе го отвори во Њујорк и во северна Вирџинија, и за овој потег ќе добие државни субвенции во износ од 4,6 милијарди долари. Или: компанијата која чува 8,6 милијарди долари во кеш на оф-шор сметки за да не плати данок во САД и чиј сопственик е најбогатиот човек во светот, од американските даночни обврзници ќе добие на поклон 4,6 милијарди долари затоа што ќе отвори нови канцеларии.

Европа им воведе квоти на Нетфликс и Амазон прајм

Нешто слично на правилото што кај нас заврши со пуштање македонска музика после 1 часот по полноќ, Европскиот парламент одлучи дека ако Нетфликс и Амазон сакаат да продолжат да работат во ЕУ ќе мора 30% од содржината да им биде европска.

Жбрц!

Триумфална и историска беше вчерашната објава на Амазон дека минималната плата на своите работници ја крева на 15 долари на час. По објавата почна и подетално да се разгледува целиот апгрејд на платите.

Џеф Безос попушти, ваистина попушти

Најбогатиот човек на светот реши да отстапи пред притисоците од активисти и од Берни Сандерс и минималната плата во Амазон (што е од посебно значење за вработените во магацините) да ја крене на 15 долари на час.

Технолошките гиганти потрошија 80 милијарди долари за никој да не може да им конкурира

5-те најголеми технолошки компании во САД, Гугл, Амазон, Епл, Микрософт и Фејсбук, на кои до сега вие им бевте еден од главните производи што го продаваа, изминатава година заедно потрошија 80 милијарди долари на физички имот, вклучително машинерија и алат, во својата трансформација во класични индустриски гиганти.

Амазон патентирал кафез за работници

Компанијата и досега беше мета на критики дека своите работници ги употребува како роботи. А пред некоја година патентирале и изум кој ја разгорува таа приказна. „Ние тоа за нивно добро“, велат од Амазон.

Брегзит без договор ќе значи граѓански немири во рок од 2 недели

Предупредувањето доаѓа од првиот човек на Амазон во Британија, а дадено е на најофицијално ниво, на состанок меѓу британскиот министер за брегзит, Доминик Раб, и неколку бизнис гиганти од земјата.

Безос е доволно богат за да купува цели берзи

Неделава богатството на основачот на Амазон за прв пат ја надмина границата од 150 милијарди долари, со што има повеќе милијарди долари од кој било што некогаш собирал милијарди долари.

Викенд романче од 2.630 долари

Голем број трговци со книги на Амазон се обидуваат да си ја продадат робата што поевтино - логиката вели дека спуштањето на цената во услови на компетитивен пазар ја зголемува продажбата. Ама некои други имаат поинаков, контраинтуитивен пристап.

Како им оди на луѓето што први му дадоа пари на Безос да го основа Амазон?

Првични инвеститори во Амазон се групата составена од роднини и пријатели на Безос од кои секој, пред повеќе од 20 години, му дава по 50 илјади долари во замена за 1% од компанијата.

Џеф Безос против светот

Компанијата вреди 740 милијарди долари и располага со интимно познавање на своите потрошувачи, два фактори што Амазон го прават кошмар за секоја индустрија во која ќе реши да влезе.

Амазон и правото на работникот да не моча во шише

Површината на едно складишта на Амазон во Британија е нешто повеќе од 65.000 метри квадратни. На таа површина, распоредена на четири ката, има работна сила од 1.200 луѓе и се на се 2 тоалети за сите овие вработени (на приземје), кои отприлика се оддалечени 10 минути одење пешки. А Амазон не простува 10 минути.

Амазон изгуби 53 милијарди долари затоа што Трамп твита

Како што расте гневот кон големите технолошки компании и секој што ги злоупотребувал личните податоци, така Вол стрит на волеј реагира на секој неочекуван сигнал. Овој пат тоа беше твит од Трамп.

Што ќе му е на Амазон компанија за видео-ѕвончиња од 1 милијарда долари?

За парите што ги даде, Амазон веќе нема да мора ни еднаш да ѕвони кога ќе ти влегува дома.

Премиер лигата се крми со 4,5 милијарди фунти од ТВ права

Текстовите во кои се пишува како некој таму Брајтон заработил повеќе од Реал Мадрид за телевизиски права на нивните натпревари ќе читаме и во иднина.