30% од каталогот на двете платформи треба да биде европски со цел поддршка на „културолошката разноликост на аудиовизуелниот сектор на Европа“. Згора на ова од компаниите ќе биде побарано да го поддржат развојот на европската продукција преку директни инвестиции или со плаќање во националните фондови, а износот треба да биде „пропорционален на нивните приходи од конкретната држава“.
Првиот човек на Одделот за комуникациски мрежи содржина и технологија на Европската комисија, Роберто Виола, најави и дека ЕУ ќе објавува редовни извештаи за тоа како секој од видео он-деманд сервисите стојат со европска содржина. Првите бројки се најавени за месецов.
Нетфликс веќе работи на отворање продукциски центар во Шпанија преку кој ќе треба да го покрива континентот и најави дека ќе одвои 1 милијарда долари за оригинални европски содржини. Не во толкав обем и Амазон почна да работи на ЕУ содржини.