Во 2016 година во заводот за патенти, Амазон го заштителе својот дизајн за мобилна работна станица, кој е практично кафез со потребните гаџети за обавување на работата.
Патентот го ископале двајца истражувачи кои велат дека ваквиот изум го симболизира нееднаквиот дистописки режим во кој оние малкумина на врвот ќе живеат фасцинантен живот на богатство и комфор.
„Остатокот од пирамидата ќе го минува животот во темни тунели, кафези, радиоактивен отпад, расфрлени контејнери и фабрички хангари“, велат истражувачите од њујоршкиот универзитет.
Амазон проба да ја санира штетата од откриениот патент објаснувајќи дека негова цел не е удобноста туку безбедноста на работниците. Имено, ваквата мобилна работна страница би се користела во простори во кои првенствено функционираат роботи а живиот работник во таков простор треба да е добро заштитен. Тврдат дека и онака не планирале да го искористат дизајнот.
За работните услови во Амазон во кои луѓето се третираат како роботи се крена прашина по објавување на книгата "Hired" на британскиот новинар Џејмс Бладворт кој со скреин идентитет минал една година работејќи во магацините на компанијата
.